Ориентацијата на земјиштето со помош на бусолни инструменти се базира врз искористувањето на особините на земјиниот магнетизам за одредување на правецот север.
За таа цел се конструирани различна бусолни инструменти (рачни, геодетски, артилериски) чии главен дел е магнетната игла (која претставува тенка силно намагнетизирана челична плочка), која е поставена на вертикален стожер така што слободно може да се движи во хоризонтална рамнина (заради земјиниот магнетизам) секогаш има својство да зазема правец југ-север. Делот кој го покажува правецот север обично е посебно обележан.
Правецот југ-север кој го покажува магнетната игла е познат како магнетен меридијан и претствува основен правец од кого се мерат хоризонтални агли и останатите страни светот. Во оваа смисла се дефинира и поимот магнетен азимут, кој претставува хоризонтален агол помеѓу магнетниот меридијан на дотична стојалишна точка и правецот на било која друга точка мерен во смисла на движењето на стрелките на часовникот.
Бусолните инструменти можат да имаат различна специјална намена, конструкција и дизајн, опремени со разни други делови и ознаки со друга намена, но ако се разбере суштината на принципите на нивната конструкција и функционирање во процесот на ориентација нивното искористување е мошне едноставно. Како што е споменато, бусолните инструменти може да бидат рачни, геодетски и артилериски. Кај сите нив најважен дел претставува магнетната игла, иако се присутни разни други делови конструирани за разни намени. Се одликуваат со можности за мерење хоризонтални и вертикални агли, покажување на цели и ориентири, ориентација, мерење на растојанија и сл. Во случајов како наједноставни се споменати и разгледани само рачните бусоли. Тие според времето производителот се со различен дизајн и конструкција. Како мошне едноставна и функционална е претставена рачната бусола М-53. Меѓутоа пред да се запознаат нејзините функционални одлики неминово се јавува потребата од запознавање на рачната бусола како инструмент.
Ориентација на земјиштето со помош на Сонце и метод на еднакви сенки
Овој метод се базира на општото сознание дека на сите географски широчини сонцето изгрева од исток а заоѓа на запад. Според тоа претпладне сенката на објектите паѓа спрема запад а попладне спрема исток. Постапката за одредување на правецот север (на северната хемисвера) претпоставува:
– на рамно земјиште околу пладне вертикално се закачува стап, пикета или сл. со височина од 1 – 1.5м.
– во времето од околу 11 до 11,30 часот се обележува врвот на сенката на стапот,
– со помош на врвца или јаже се опишува полукруг со радиус колку што е долга сенката а како центар се користи закачениот стап,
– со приближување на пладнето 12,00 часот сенката се намалува а потоа пак се зголемува, така да во 12,30 или 13,00 часот се обележува местото на допирот помеѓу сенката и опишаниот полукруг (точка В),
– се спојуваат точките А и В со права линија со што се добиваат правците запад и исток ,
– се одредува половината на правата АВ (точка С),
– се поврзуваат точките О и С и се одредува правецот север.
Постапката е идентична и за одредување на правецот Југ на јужната хемисвера.
Ориентација на земјиштето со помош на соѕвездието Јужен крст
Во близина на Јужниот пол се наоѓа соѕвездието Јужен крст. Тоа се состои од четири ѕвезди кои ако се спојат накрсно формираат крст поради што и соѕвездието е така именувано. Една од линиите е подолга . Ако нејзината должина мисловно се продолжи во правец на поодалечната ѕвезда за 4.5 пати на небото се добива точка која се наоѓа точно на д јужниот пол. Така одредената точка се материјализира на хоризонтот каде се уочува некој ориентир што значи е одреден правецот југ. Соодветно на него одредуваат останатите страни на светот.
проф. Ангелче Гушев