Општа ориентација

Во услови на намалена видливост (облачност или магла) или во одсуство на соодветни инструменти, ориентацијата на земјиштето се спроведува според разни знаци и објекти во просторот. Во оваа смисла приближно може да се врши со помош на познавањето на карактеристиките на:
религиозните објекти други појави и предмети.

Ориентација на земјиштето со помош на религиозни објекти
Овој вид ориентација подразбира познавање на одредени принципи според кои се карактеризираат одредени различни религиозни објекти.
На пример:
– Кај православните цркви влезот е на западната а олтарот на источната страна
– Кај католичките цркви влезот е на источната а олтарот на западната страна,
– Кај муслиманските религиозни објекти (џамиите) влезот е на северната а минарето на јужната страна,
– Христијанските гробишта се со правец исток-запад, при што обележјето (крстот или споменикот) е од западната страна,
– Муслиманските гробишта се со правец север – југ, при што споменикот се наоѓа на јужната страна.

Ориентација на земјиштето според разни други појави и предмети
Ориентацијата според разни појави и предмети на земјиштето подразбира познавање на одредени состојби на истите во природата кои видливо се манифестираат. Овие видови на ориентација не се сосема прецизни, туку приближни. Некои од нив немора да подразбираат одредување на страните на светот туку може да бидат од голема корист како сознание за одредени состојби на конкретен простор.
Како покарактеристични се сознанијата дека:
– Кората на растенијата од северната страна епо рапава и често обрасната со лишаи и моховини, за разлика од нивната јужна страна,
– На пенушките од пресечните дрвја, таканаречените годови или камбиуми се потесни на северната, а пошироки на јужната страна,
– Ѕидовите кај постарите згради и зданија се обично потемни, повлажни, обраснати со лшаи и маховини, со помалку прозорци и сл. на северната страна.
– Крошната кај дрвјата (особено осамените) е поразвиена од јужната страна,
– Мравниците обично се наоѓаат од јужната страна на дрвјата, грмушките или камењата,
– Снегот побрзо се топи јужните (присојни) експозиции, а поспоро на северните (осојни) експозиции,
– Тревата во пролет е значително поразвиена на јужната страна од дрвенестите растенија, грмушките, шумите, поголеми камења и сл. а во лето и есен е посвежа и позелена од северната страна на различните објекти,
– Одредени видови растенија растат обично на јужните (присојни) страни (како на пример дабот), а други на северните осојни страни   (на пример буката),
– Изворите, потоците и помалите реки се по полноводни на северните експозиции,
– Линиското протегање на одредени видови растенија (врби, евли, топшоли и сл.) укажува на присуството на речни текови (постојани или повремени)  или повисоки подземни води.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*