Во методиката на плиометрискиот тренинг постојат одредени законитости на кои што треба да се придржуваме при реализацијата и водењето на плиометрискиот тренинг. Тоа се однесува на бројот на скоковите кои треба да се реализираат за време на еден тренинг, нивото на активност кое треба спортистот да го поседува со што би можел да земе учество во плиометрискиот тренинг, потоа бројот на неделни тренинзи и многу други параметри.
Табела 1. Препорачан број на скокови во плиометриски тренинг:
Број на скокови во сезона |
||||
|
Ниво |
|||
Почетно |
Средно |
Напредно |
Интензитет на скокови |
|
Надвор од сезона |
60 -100 |
100-150 |
120-200 |
Ниски – Средни |
Пред сезона |
100-250 |
150-300 |
150-450 |
Средни – Високи |
Сезона |
Во зависност од спортот |
Средни |
||
Финална сезона |
Мирување / Релаксација |
Средни – Високи |
Креирањето и организирањето на специфичните плиометриски програми за определени спортови, бараат познавање на биомеханиката на спортот, целосна анализа на определениот спорт и раздвојување на моторичките способности на нај прости делови и елементи. Во продолжение ке прикажеме кои способности се развиваат при опреелени видови на вежби:
Табела 2. Способности кои се развиваат при плиометриски тернинг
Способности кои се развиваат при плиометриски тренинг |
||||||
Способност |
Скок во место |
Скок од место |
Комплексни скокови |
Скокови од сандак |
Поскоци |
Длабочински скокови |
Стартна брзина |
х |
х |
х |
х |
||
Забрзување |
х |
х |
х |
|||
Промена на насоката на движење |
х |
х |
х |
х |
||
Вертикален скок |
х |
х |
х |
х |
х |
|
Хоризонтален скок |
х |
х |
х |
х |
проф. Ангелче Гушев
Kondicijska priprema sportaša, Zagreb,1996