Поделба на скоковите

Во рамките на плиометрискит тренажен процес, во рамките на неговиот методски пристап се користат повеке видови на скокови кои се употребуваат во однос на спортотската дисциплина.

 

Скокови во место: Скоковите во место преставуваат скок и доскок на одразното место.Овие вежби се со релативно низок интентензитет, но создаваат кратка амортизациска фаза на начин кој го поттикнува спортистот да во што пократок временски период се одбијат од тлото или подлогата.

Скокови од место: Овие скокови преставуваат едно максимално напрегање во вертикала или хоризонтала. Вежбите може да се повторат неколкупати, но треба да следува одмор помегу секое повторување.

Комплексни скокови: Комплексните скокови се комабинација на скокови од место и скокови во место. Овие скокови бараат максимално напрегање и се работат постојано. Овие скокови може да се изведат со и без прекин. Напредна форма на комплексните скокови се вежбите со скок на сандак.

Поскоци: Тоа се вежби со нагласен нормален трет чекор, како би се развиле специфичните аспекти на кружно движење. Се користа за подобрување на должината на чекорот и фрекфенцијата на чекори. Поскоците се реализираат на далечини поголеми од 30 метри.

Скокови од сандак: Скоковите од сандак се комбинираат со комплексни длабински скокови. Може да бидат со низок или изразито висок интензитет, во зависност од висината на сандакот. Користиме хоризонтални и вертикални вежби за целосен успех.

Длабински скокови: Длабинските скокови се реализират со скокање од сандак на тло и повторно скокање од тло кон  сандакот. После скокот од сандакот на тлото и контактот со подлогата спортистите го усмеруваат телото кон горе и тоа што е можно побргу. Клучот  на успехот на изведбата на овие вежби е намалување на фазата на амортизација каде треба да има што пократок контакт со подлогата.

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*