Плиометрија

Плиометријата е една од најголемите тренажни иновации во подрачјето на спортската технологија во последните 30 години. Плиометрискиот тренинг први го втемелуваат руските спортски научници предводени од Верхошански (1979) и тоа во следните спортови: атлетика, скокови, спортска гимнастика и дигање на тегови. Спрема Верхошански, основна цел на овој метод на тренинг е зголемувањето на експлозивната сила и реактивната способност на мускулно-тетивниот систем или т.н. еластична силина. Експлозивната силина можеме да ја дефинираме како способност на спортистите да постигнат максимално забрзување на сопственото тело, или пак на некој предмет или партнер, а тоа да се манифестира преку активности како што се фрлања, скокови, удари или спринт. Во првите почетоци на плиометрискиот тренинг немало резултати како што се денес, а тоа исклучиво поради несистаматскиот пристап и примената на ваков вид на тренинг. Меѓутоа при крајот на шеесетите години, поради големиот успех на руските скокачи во височина и скокачите на троскок, се започнува со проучување  и систематска примена на плиометрискиот тренинг, па така тој станува неодминлив фактор во кондициската подготовка на сите спортисти. Терминот плиометрија доаѓа од  латинскиот јазик plyo + metric што во превод значи “мерливо зголемување“.  За да се развие плиометријата треба да се разберат и осознаат  трите видови на мускулна контракција и тоа: ексцентрична, изометричка и концентрична. Кај ексентричната контракција на мускулите истите се под оптеретување со кое се издолжуваат или истегаат. Тука потрошувачката на кислород во мускулите е мала, а производството на сила е зголемена како и кај концентричните реации, каде мускулите под оптеретување се скратуваат. Затоа ексцентричната контракција  е основната  карактерситика  на плиометрискиот тренинг. Со реализација на плиометриски вежби се предизвикува значајно истегање на мускулите кои се наогаат под ексцентрична контракција, после која следи силна концентрична контракција која што ќе послужи  за  развој на силно и снажно движење во краток временски периодот. Плиометрискиот тренинг ги опфаќа различните варијанти на вертикални и хоризонтални скокови, поскоци во место, од место и во движење, а за горниот дел на телото можеме да издвоиме  различни експлозивно-рекреативни балистички фрлања на медицинки. Во примената на плиометрискиот тренинг, како и во примената на останатите методи мораме да ги следиме одредени правила. За примената на плиометрискиот тренинг потребено е одредено ниво на општа кондициска подготовка , а посебно во подрачјето на развојот  на општа силина. При изведбата на скоковите , амортизацијата мора да биде што по кратка, а преминот од ексцентрична контракција во концентрична контракција што побрза. Во плиометрискиот  тренинг големите оптоварувања  доагаат во зглобовите односно кај мускулите и тетивите.  Можеме да кажеме дека правилната техника на изведба на вежбите воедно е и превенција од повреди. Плиометрискиот тренинг исто така може да и  форма на рехабилитација на спортистите после спортски повреди.

 

 

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*