Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес остваувајќи ја својата програма за работа за 2014 година, зема учество на 9та Смотра на извидници на Србија, која што се одржа во Бела Црква во периодот од 25.7 – 4.8.2014 год. Дванаесете извидници од Велес беа сместени во населбата Дунав, кои воедно беа и гости на братски одред од Ниш, извидничкиот одред “Мија Станимировиќ“ . Покрај извидниците од Ниш нашите извидници во населбата Дунав живееа заедно со извидниците од Белград, Зечар, Мајданпек, Бања Лука и извидници од Кралството Велика Британија. На оваа смотра извидниците учествуваа на голем број на работилнци преку кои се манифестираше креативноста на младите и неформалното образование. Старешината на нашиот градски извиднички одред “Димитар Влахов“, Ангелче Гушев воедно беше и контингент лидер на македонските извидници кои покрај велешките учество земаа и извидници од Кичево, Скопје и Крива Паланка или севкупно 30 македонски извидници. Како контингент лидер старешината на одредот оствари средби со заминик министерот за спорт и млади г-га Снежана Клашња и Градоначалникот на Бела Црква. Поради лошите времески услови и големи и обилни врнежи за време на Смотрата извидниците од Велес, три дена порано ја напуштија Смотрата во Бела Црква. И покрај тоа треба да нагласиме дека велешките извидници се преставија максимално добро во ситепрограмски активности со кои ја докажаа квалитетната одредска активност во текот на цела календарска година, а смотрата беше место каде што тоа само го потврдија, а воедно и на најдобар начин го преставија и градот Велес на активноста која што се нарекуваше “Улица на Пријателството“. На смотрата учество земаа 1500 извидници од Србија и 14 држави од Европа.