Додатоци на прехраната или суплементи се производи кој се состојат од една или повеќе есенцијални хранливи состојки како што се витамини, минерали, лековити треви, аминокиселини, концентрати, метаболити и екстракти од овие работи. На пазарот се присутни во многу облици како што се таблети, капсули, прав, гелови и течности.
За што служат додатоците на прехраната ?
Суплементите надокнадуваат недостаток на компноненти на храна кој можат да бидат исклучително корисни но не се замена за хранливи состојки добиени од храната.Тие се концентрати и екстракти кој содржат поголема количина одредени состојки отколку што има во природен облик во храната.Со употреба на суплменети неможе да се надомести соодвентана прехрана во која се присутни сите артикли но нивната употреба е пожелна од причини што со класична прехрана во организамот неможе да се внесат сите супстанци потребни на спортистот.
Имајки во предвид функционалната поделба суплементите може да се групираат и тоа како што следи:
• За заштита од стрес и слободни радикали
• За изградба на мускулна маса
• За брзо и лесно закрепнување
• За поголема издржлуивост на мускулите
• За заштита од болести на срцето и крвните садови
• За заштита од рак
• За заштита од појава на инфкеции
• За заштита од остеопороза
• За заштита од губиток на меморијата и лошо расположение
Антиоксиданците се најважни додатоци во исхраната на спортистите (Селен,пикногенол,ликопен,бета каротен,Е витамин , Ц витамин , алфа липолична киселина ,коензим Q 10 ).
Зошто спортистите земаат суплементи ?
Активните спортисти зимаат суплементи од следните причини :
• Да ги задоволат зголемените потребни од хранливи материи
• Да ги подобрат физичките перформанси на телото
• Да ја зголемат снагата и издржливоста
• Да го скратат времето за заздравување
• Да ги олеснат тегобите од напорните тренинзи
• Да ја подобрат рехидрацијата
Веднаш треба да се нагласи дека е голема разлика мегу “обични ” луге кој се бават со секојдневни работи и активни спортисти .Интензивната физичка активност е физички,метаболички и психички стрес што во организамот создава големи промени и прилагодувања.Поради тоа спортистите имаат поголема еннергетска потрошувачка ,значи им треба повеќе храна но и храна богата со хранливи состојки.Бидејки во текот на интензивниот тренинг кој стално се повторува,поради јаката оксигенација на станиците и ткивата се ослободува голема количина слободни радикали,антиоксиданците мора да бидат стално присутни а пожелни се и нивни комбинации.
Под голем притисок на зголемени барања ,ткивата и органите повеќе се трошат и оштетуваат па им е потребна редовна “репарација” .На спортистите им се предлага суплементите да ги користат селективно и умерено.
проф. Ангелче Гушев