Home / Методика на ФЗО / Значњето на чистиот воздух, сонцето и водата во физичкото воспитување на децата

Значњето на чистиот воздух, сонцето и водата во физичкото воспитување на децата

slike-skola-sporta-sporticus20240Културните народи на Стариот век многу се грижеле за здравјето и јакнењето на својата младина зашто таа е иднитната  на земјата. Оној народ што има здрав подмладок, кој правилно се развива во физички поглед, подмладок што систематски  ја јакне  својата снага и се привикнува на разни физички напори, тој подмладок ќе биде способен да го прилагоди своето здравје во секоја ситуација и во најтешките прилики да ја пројави својата работна и борбена  способност.
Асирците, Египјаните, Грците и Римјаните многу одамна го согледале пресудното влијание на воздухот, сонцето и водата врз животот на земјата и воопшто врз развитокот на растенјиата, животните и човекот. Тие уште од памтивек ги користеле водата и сонцето за лечење на болните. Но поради општата непросветеност, тогаш не можело убедливо да се влијае на народот во корисноста на тие животворни извори. Некои подалековидни државници за да го спасат народот од заостанатоста, дегенерацијата и болестите, а најпосле и најмногу од ропството и истребувањето на околните воинствени соседи- тие просто пропишале потребни хигиенсти профилактични мерки во самите религиозни догми и обреди.  За многу болести Хипократ, Гален и Целзус препорачувале сончање, а старите Германи ги ставале своите деца и болни луѓе по покривите и ритчињата што биле изложени на сонцето. Грците и Римјаните се сончале на рамните покриви од своите куќи(Солариуми), а напладне се капеле (Амбулари). Во домашните базени тие редовно се капеле и се лечеле од електричните удари на некои видови риба(Торпедо марморатус). Подоцна, во Средниот век се заборавило на лековитата моќ на сонцето и дури во деветнаести век пак е „отркиена“ таа лековитост. Во 1855 година Швајцарецот Арнолд Рикли го уредил првиот Солариум на Блед. Во 1877 година Довнест и Блунт откриле оти сончевата светлина има бактерицидно дејство и врз таа база Финзен од Копенхаген основал активна терапија. Во 1902 година Бернхард почнал да ги лечи во својот санаториум со сончање на хирушкие случаи на туберкулозата.
Денес на секој педагог му е јасно оти физичкото воспитување на децата и младите е неразделен дел од оптшото воспитување и образование. Со физичкото овспитување постигнуваме не само физички развиток туку и поголема истрајност на организмот, поголема отпорност спрема штетните влијанија и брзо прилагодување на разните промени и животни услови. Методите на физичкото воспитување се различни а нивниот успех зависи од разни фактори на коишто се изложени децата и младината по време на телесното вежбање…
Ако сакаме физичкото воспитување што го изведуваме преку разни телесни вежби со разни гимнастички системи, спортови и игри, да има позитивно влијание врз развитоткот и здравјето на децата и младината, тогаш е нужно и при тие вежбите  децата и младите да се изложени повеќе на дејството на свежиот воздух, сонцето и водата. Токму во тоа се грешело и порано и се греши и денеска. Нас ни е познато дека децата и младите низ целото свое школување седат 4-5 часа дневно во затворени просториии. Покрај тоа уште толку часа тие деца седат затворени и дома кога ги утврдуваат  своите знаења и ги учат или пишат своите секојдневни задачи. Таквиот начин на живеење и работа предизвикува слабокрвност, премореност, разни аномалии  во развитокот, неправилното држење на телото, главоболки  и нервоза. Ако во  тие услови  и физичката култура ја изведуваме во затворени простории, т.е. во гимнастички сали, тогаш не можеме да очекуваме во физичката настава да има некое позитивно влијание врз развитокот на училишната младина. Искуството ни дава неброени примери кои говорат оти младите многу повеќе сакаат  да вежбаат  и играат  на игралиште и  дека е таму многу се послободни  и поиздржливи  отколку во гимнастичките сали. За да може физичката настава да се изведува секогаш надвор, па и кога е времето дождливо, неминовно е игралиштата  да се покријат со некаква проста и лека конструкција и да се заштитат од северната страна. При тој случај наставата по телесното воспитување би можела да се изведува надвор преку целата година. Освен тоа изградбата на тие покриви е многу поевтина од гимнастичките сали.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*