Македонскиот репрезентативец и член на ракометниот клуб Металург, Наумче Мојсовски ќе биде амбасадор, презентер и заштитно лице на „Гимназијадата“ која ќе се одржи во Охрид од 8 до 10 мај оваа година.
– Ќе ни биде огромна чест и задоволство што еден од најдобрите ракометари ќе биде амбасадор, презентер и заштитно лице на „Гимназијадата“ на која ние ќе бидиме домаќини. Ќе направиме се што е потребно да бидеме добри домаќини и за „Гимназијадата“ во Охрид да се прераскажува низ цела Македонија – рекоа од организациониот одбор. Градот Охрид за прв пат ќе биде домаќин на манифестација на која ќе партиципираат повеќе од 1000 спортиси, а ќе учествуваат средношколци од целата Македонија.
превземено од: http://www.ohridnews.com/