Home / Индивидуални спортови / Останато / Спортот и играта во извидничката организација

Спортот и играта во извидничката организација

sredbi5Извидничката организација е најасарата младинска  организација која работи на мобилизирање на деца и млади во нашата држава. Извидничката организација дејствува паралелно со сите општествени  фактори и масовни организации но се развива на својствен начин. Веќе шеесет  години  организацијата опстојува и истата е членка на светската скаутската организација. Извидничката организација ги користи  скаутските принципи и скаутскиот метод се уште ги почитува и сите придовки  од нашата историја, сите оние кои како  хероите ги дале своите животи  во изградбата на нашата држава. Извидничката организација ги користи сите позитивни искуства на многу организации, а од 1997 година и на  скаутска организација. Програмата на извидничката организација, која денес делува како воспитно-образовна за  деца и младинци. Таа е  претавена од  општи извиднички барања, а другиот дел  е слободна  програма кој се одразува во вештините или одделните специјалности.
Општиот дел за деца и млади ги има следните  знаења и барања :
1)    Основни познавања на нашата реалност  и за извидничката организација;
2)    Општествени  – културни барања;
3)    Практични – технички знаења;
4)    Игри и спортови.
За постигнување на своите воспитни цели многу важно место се дава на спортот и игрите. Децата до 11 години физички се воспитуваат многу повеќе со игри, и тоа спортски игри. За млади  до 15 години се поставуваат посебни барања : потребно е познавање и изведување на основни вежби за правилно движење и развивање на телото, потоа барањата како што се: да плива или скија 25 м., учествува во патролно трчање, скокање во далечина и висина, да се фрли бомба во определен ров, да се мине една определена далечина за определено време трчајки и одејки, да ги знае и да ги игра 2 екипни игри спортски (кошарка, ракомет и сл.), да отплива 100 м. да знае да игра 3 екипни спортски игри, да знае или да се скија или да јава коњ или да вози  велосипед; да ги познава правилата на спортските игри  и да знае да ги применува, да знае да организира физичка култура  во логорот( утринска гимнастика, натпреварување и тн.).  Меѓутоа и за повозрасните млади  има една  послободна програма, а таа се одразува со така наречените специјалности. Меѓу овие  има и такви што чинат посебна група за физичка култура : атлетичар, пливач, скијач, едриличар, велосипедист итн. Но и во сите останати гранки на извидничката дејност се содржи сестрано физичко воспитување : излети, биваци(краткодневни логори), походи, логорувања, сплаварења, кајак спуст по реките и тн. Тука треба да се напомне дека спортските пропозиции се поставени така што дури и телесно послаби млади  и деца може да ги исполнат. Со ова се цели на учеството на целата  младина. Освен тоа во користењето на спортот за правилно формирање на младината се исклучува развивањето на рекордерството и истакнувањето на поединци, шампиони и спортски звезди : сизвиднципортот и игрите во извидничката организација се средство, а не цел. Затоа најповеќе се занимаваат екипни спортски  игри во кои единката ќе треба да се бори за успех на целиот колектив.
Интересно е да се види како извидничката организација го решава прашањето за фускултурни терени. Познато е дека ова прашање е најтешко за решавање кај многу фискултурни и спортски организации. Тешкотии има не само во изнаоѓање големи парични суми туку и во изнаоѓање слободна земја во градот или населбата или нивната блиска околина.  Извидничката организација оди кон тоа целата природа да ја претвори во терен за фискултура. И работејки на тоа упорно и систематски има постигнато добри резултати . Зближувањето со широки природни пространства се врши преку следниве форми : излети, биваци и логорувања. Најчеста форма на работа во организацијата се излетите. Излети се прават во некое индустриско место или градилиште, на село за да се види и запознае животот на селаните. Сепак најповеќе се оди во слободна природа. Но таа не е една обична прошетка, туку постои план за работа со одредена цел меѓутоа, без оглед на целта, децата доаѓаат во непосреден допир со природата. Тие се снаоѓаат во животот на отвореното поле или планина : треба да направат привремено засолниште од дожд и ветер, да спремаат сами јадење, да подигнат шатор и тн. Сосем е јасно дека здружувањето на чист воздух, пешачењето и игрите придонесуват за правилно физичко развивање. Тука се изведуваат игри од разни видови : ориентација со патни знаци, штафета, пренесување шифрирани  писма и сл. Огромните ливади се ползуваат и за разни спортски гранки : лакострелство, фрлање на камен и ѓуле, копје, крос кантри, ракомет и многу и многу други спортови. Но едно е „лошото“! Тука во овие природни терени далеку од населбите, нема навијачи, нема публика! Сите се активни учесници во спортот и играта по извидничкиот принцип : секој според својата возраст, наклоност и способности затоа што, пак според извидничката патрола „од 7 до 77 години“  возраст, сите можат да најдат форми за еден убав и здрав живот во постојанен допир со природата.
Бивакот е логорување во природата од еден  до три дена, но тоа е веќе подготвување за живеење во природата под шатори за подолго време : логорување од 25-30 дена во годината. Точно е речено дека извидничкото логорување претставува круна, врв на сите подготвувања, напори, вежби во текот на целата година. На логорувањето има многу пријатни моменти и весел, здрав живот, но има и дожд, невреме, змии, инсекти и разни други непредвидени работи со кои логорувачите ќе се судрат и ќе треба да ги совладаат. Како што се гледа,  преку игра, преку телесни вежби и напори, извидничката организација ги припрема своите членови за сериозна работа и борба т.е. колективен живот  во слободната природа во период од еден месец. Тоа што е многу важно завоспитниот момент е фактот дека повозрасните и поискусните луѓе раководат со логорот сосем дискретно, внимателно, внимателно, давајки можност на децата и младината да ги покажат своите способности, да го покажат на дело сето она што го научиле на излетите или биваците.
slide-4Извидничката организација  е се популарна. Кога би и се посветило поголемо внимание  од страна на државните институции  би се увидело дека спортот и играта во неа се значајна метода,  но само една од методите со која се служи организацијата за исполнување на својата воспитно-образовна  задача. Треба да се истакне прд институциите на државата дека извидничката организација може да ја постигне својата цел и со помалку матријални средства ако се спореди со останатите чисто спортски и фискултурни организации. Мегутоа секој член извидник – извидник треба да има лична спрема, а потребна е и екипна спрема (шатори, копачи, реквизити и сл.). Организацијата се залага да секој член  има и да се снабди со се што му треба : униформа, ранец, шатор , вреќа за спиење,  порција итн. Од ова се гледа дека членувањето во извидничката организација не и толку скапо  (на пр. паричните редствата  за логорување кои ги  плаќаат родителите на извидникот не се толку високи споредбено со други спортски  дисциплини) и не претставуваа пречка за нејзино понатамошно ширење и развивање како воспитно-образовна институција.
На крајот треба да се споменеме дека организацијата многупати е помогната од АРМ и од државната власт и на секој начин се брараат можности за  помош на  оваа  организација. Но таа сеуште го нема вниманието и интересот што го заслужува од страна на сите заинтересирани фактори по однос воспитувањето на децата и младите (Министерство за образование и наука, Агенцијата за млади и спор . Во извидничката организација треба целосно да се вклучат учителите, наставниците, педагошкотите друштва, фускултурните стручњаци. А извидничката организација бездруго заслужува големо внимание, како заради целите што ги има така и заради разновидните и интересни форми преку кои ги претставува своите цели.

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*