Празот припаѓа на фамилија на билки како и кромидот и лукот, но има поблаг вкус и мирис. Според нутритивниот состав, тој е сличен на кромидот и лукот, но содржи повеќе белковини, бета-каротин и витамин Ц. Од минерали, празот е богат со манган, фолна киселина, железо, магнезиум, фосфор, калиум и калциум. Има мала енергетска вредност, нискокалоричен е и во 100 грама праз има само 28kcal . Со готвењето се нарушува витаминско – минералниот состав на празот, па затоа најдобро е да се јаде свеж, како салата. Празот содржи триосулфонати, кои со сечкање на празот, преминуваат во сулфиди (алицин – активна антибиотска материја), кои имаат антибиотско дејство.
Алицинот дејствува како природен антибиотик. Алицинот го намалува и крвниот притисок, го намалува нивото на холестеролот во крвта и го јакне имунолошкиот систем. Затоа празот е природен превентивен лек против кардиоваскуларните заболувања. Празот содржи и органосулфидни компоненти, фитохемикалии кои, заедно со некои витамини и минерали, поволно дејствуваат врз здравјето. Празот е богат и со етерични масла, кои го зголемуваат лачењето на дигестивните сокови и со тоа го подобруваат варењето на храната. Бидејќи содржи доста калиум (во 100 гр.има 300 мг), а малку натриум (сол), празот е силен природен диуретик. Тој го зголемува излачувањето на течностите и токсичните материи преку бубрезите. Затоа често празот им се препорачува на лицата со кардиоваскуларни и бубрежни заболувања, посебно за намалување на отоците. Празот ја негува и кожата. Супата од праз го осветлува тенот. Благодарение на диуретичкиот ефект, празот го чисти организмот од отврови. Содржи и витамин Е и каротин, кои се важни за здрава, еластична и нежна кожа. Празот, во споредба со сите зимски зеленчуци, содржи најмногу каротин, витамин Ц и Е, кои најмногу ги има во зелените листови. Го зголемува имунитетот, помага против настинката и инфекциите. Празот содржи моќни антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното делување на слободните радикали, кои можат да предизвикаат многу хронични заболувања, вклучувајќи го и ракот. Со право празот се смета за природен антиканцероген, кој помага во превенцијата и лекувањето на ракот. Празот е нискокалорична билка. Во 100 грама праз има само 35 калории. Содржи многу малку масти и шеќери, а доста целулоза, која брзо дава чувство на ситост. Пектинот од празот прави заштитен филм на служокожата од желудникот. Празот ги „топи“ килограмите. Тој е идеален за одржување на нормалната телесна тежина, а се користи и при диетите.