Home / Спортски настани / Велес се враќа на кошаркарската мапа

Велес се враќа на кошаркарската мапа

basketКошаркарскиот клуб “Борец баскет” во сезоната 2013/2014 со огромен успех се врати во сениорските натпреварувања на Кошаркарската федерација на Македонија и моментално е есенски првак во третата кошаркарска  лига со пет победи и само еден пораз, но  и со огромни амбиции на крајот на сезоната да оствари пласман во втората лига.
“Овој успех и не би бил така голем за нас во управата и за посветениот тренерски тим, ако се знае декатоа е успех кој го направија кошаркари кој одвај имаат и по 18 години, помогнати со тројца по искусни играчи кои имаат 20 и повеќе години.”-вели Ангел Љутков, тренер на КК “Борец баскет”.
Во контекст на ова последново треба да се земе предвид дека во последниве 10 години од кога Велес го загуби спонзорот”ЖитоВадрар”егзистира од самофинансирањето на децата од овој кошаркарски клуб и со финансиска поддршка од Општина Велес. Во овој период Кошаркарскиот клуб даде плејада млади кошаркари кој се носители во играта на четирите најдобро пласирани екипи од ПрваЛига(Работнички,Куманово,Фени,Кожув) кој со успех ја преставуваатМакедонија и намеѓународна сцена, преку натпреварите во балканската лига,а и со огромна гордост мора да се напоменедека од овие редови произлезе во моментов единствениот А репрезентативец Владимир Брчков кој настапи на европското првенство во Словенија ова лето. Оваа годинаносител на играта во екипата на КК Борец Баскет е 20 годишниот Виларов Петар кој истовремено со успех настапува и за младата репрезентација на Македонија,која како десетта екипа настапува во прваталига. Сите овие огромни успеси се поттик и желба да се врати  сјајот на кошарката  и  интересот за овој спорт  во град Велес и да се даде поддршка на КК Борец Баскет, неговите  играчи  за  постигнување на понатамошни успеси со кои ќе се гордеат велешани!

Превземено од: www.lisica.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*