Водачот на патрола (ПАТРОЛА – е основна функционална единка во извидничкиот одредот, составена од 6-8 извидници од ист пол и на иста возраст) има за цел да ги пренесе своите знаења на новите генерации извидници.
– Водачот на патрола да ги искористи сите свои способности и познавања во сите области и да ги примени во работата со патролата и патролната работа , т.е. да го даде својот максимум за да се постигнат резултатите и целите.
– Да ги научи извидниците како да мислат, а не што да мислат.
– Да се радува и да биде исполнет од секој ден во кој членовите во патролата ќе научат нешто ново и тоа ќе го сакаат вистински и чисто, на начин на кој само едно дете знае да сака.
– Да ги мотивира и инспирира своите извидниците од сите социјални и било какви други позадини, бидејки во одредот сите се едно – извидници.
– Да ги отстрани сите неприродни граници, за извидниците членови на патролата да бидат во една пријатна и слободна околина.
– Да им помогне на извидниците членови на патролата да си ги изградат своите личности.
– Да ја користи својата имагинација и креативност во патролната работа, преку која извидниците членови на патролата ќе се запознаваат со нови работи кои ќе им бидат потребни во иднина.
– Љубовта кон природата да им ја пренесе на извидниците членови на патролата.
– Да им помогне на извидниците членови на патролата да излезат од социјалните стеги на општеството.
– Да ги научи извидниците членови на патролата на љубов.
– Да им пренесе љубов.
– Да ја запознаат љубовта во сите нејзини облици.
– Да им помогне на извидниците членови на патролата да бидат ЉУБОВ.
проф. Ангелче Гушев