Учениците од основните училишта од општината Велес, но и наставниците од основните и средните училишта на 7.11.2013 (четврток) во Спортската сала при ООУ “Блаже Конески“ во Велес го покажаа нивното знаење во неколку спортски дисциплини.Се натпреваруваа во футсал, пинг-понг, пикадо и шах. На натпреварите во машка и во женска конкуренција учествуваа 130 лица. Дури 90 беа наставници, а останатите 40 ученици. „Оваа година одбележувањето е малку помасовно. Прво се натпреваруваат учениците во футсал, потоа следува натпреварот на наставниците, а во истовреме се одвиваат и натпреварите во индивидуалните спортови“, рече Слвчо Давитковски од Сојуз на училиштен спорт. Организатор на овие спортски натпревари беа Општина Велес и Сојузот на училиштен спорт, кои истакнаа дека се многу задоволни од одзивот. Планираат ова да стане традиција во наредните години. Ако интересот продолжи на ова ниво ќе се воведат и други спортови. Оваа иницијатива е доста прифатена од наставниците од основното и средното образование. Тоа е доказ дека сакаат да спортуваат и ние планираме ова да прерасне во една поголема традиција, а ако има голем интерес ќе го прошириме со уште повеќе спортови. Доделувањето на наградите на најуспешните се организираше во средношколскит дом “Лазар Лазаревски“ во Велес .
проф. Ангелче Гушев