Home / Индивидуални спортови / 15 причини да сте во врска со велосипедист

15 причини да сте во врска со велосипедист

Ако некој симпатичен дечко или девојка ве покани да поминете викенд на велосипед, не срамете се, кажите ДА. Ке неведам 15 причини зошто треба да сте во врска со велосипедист/ка.

mountain-bike-val-di-fiemme
1. Два збора: велосипедски гакички

2. Тоа е докажано: Велосипедистите се привлечни. Неодамна едно истражување покажало дека велосипедистите кои се истакнале на трката на Tour de France се сметаат за по привлечни од останатите спортисти – и да топ 10 велосипедисти се 25 % по привлечни од оние кои не се наоѓаат на “горниот дел од листата“. Можеби брзината е новото богатство ?

3. Велосипедистите се интелегентни. Според истражувањата на Mindlab (link – themindlab.com), голем број од луѓето гледаат на велосипедистите како 13 % по интелегентни од останатите просечни лица.

4. Велосипедистите се добри. Според истражувањата, на велосипедистите се гледа како 10 % по добротворни од лицата кои припаѓаат на групата не-велосипедисти

5. Вашиот партнер ке биде со вас подолг временски период во животот. Про-велосипедистите живеат во просек 6,3 години повеќе од не – велосипедистите (хммм , се додека некои не ги удри со автомобил).

6. Велосипедистот секогаш ти е при рака. После години поминати во одржување на велосипедот, голема е веројатноста да тој исто така да ви биде при рака за поправка на голем број на предмети низ куќата или станот.

7. Велосипедистите се љубители на отворен простор. Ако ви е досадно вечерно излегување во затворени простори, поканете велосипедист на забава. Тој ќе ве поврзе со природата, а може и дури да почнете да патувате малку повеќе.

8. Велосипедистите се предани – не прифаќаат пораз. Се надевам дека ова се однесува и на успехот во врската, дури и нешто повеќе.

9. Велосипедистите не се мрзеливи и флегматични типови. Тие се дисциплинирани , често пати и ригорозни и издржливи во препреките при своето возење
10. Велосипедистите постојано поставуваат цели пред себе. Ако сакате некој кој размислува однапред, не одите понатаму и не барајте друг …

11. Велосипедистите се полни со доживувања од рекреативно возење до возење кое некогаш и го загрозувал живоот, што воедно се и зависници за сигурен живот

12. Можете да почнете да возите велосипед, тоа е многу корисно. Вашиот партнер ќе биде воодушевен што го делите неговиот/нејзиниот ентузијазам кон спортот. Всушност целата фамилија можете да заминете на возење.

13. Велосипедистите се помалку подложни на болести. Според некои истражувања на National Cycle Network во 2013 година велосипедистите земале дупло помалку боледувањена своето работно место за разлика од своите колеги не-велосипедисти

14. Мислите дека вашиот партнер премногу е одушевен и опседнат со отворениот пат и дека е на граница на лудило ? Тој е смирен повеќе од тоа што вие мислите. Истражувањата покажале дека велосипедизмот како комплексна физичка вежба може да го зајакне памтењето, концентацијата , а да го намали стресот и тегобите. Велосипедот е добар за мозокот.

15. Ја сакате ли планетата земја ? Велосипедистите се еколошки посветени повеќе од тоа што вие мислите

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*