Секој треба да се грижи за своето здравје. Кај вас дома треба да ја имате најздравата храна на светот. Супер храната се состои од одлични состојки кои ви обезбедуваат добро здравје. Во продолжение ви ги преставуваме единаесете најздрави намирници и како да ги подготвите:
Печурки
Вкусна месната намирница која може да биде одлична нискокалорична замена за црвено месо. Печурките реагираат на разни естрогени кај жените, и штитат од рак на дојка. Рецепт: Исечете ги печурките на листови и пропржете ги на маслиново масло, додајте лукче и вино и крчкајте додека да испари виното. Одличен прилог се со печени пилешки гради.
Јачмен
Житарица богата со влакна и вистински борец против зголемен холестерол, како и могу корисна намирница за регулирање на варењето. Рецепт: Сварете јачмен и грав и додајте зеленчук по желба, и ќе добиете вкусно вариво. Ако сакате подобар вкус, запржете парчиња пршута кои ќе ги додадете во варивото.
Ореви
Неверојатна намирница богата со омега 3 масни киселини, кои го намалуваат лошиот и го регулираат добриот холестерол. Рецепт: Измешајте 100 грама ореви со суви смокви, семе од анис и ќе добиете енергетска бомба како ужина.
Интегрални тестенини
Најздрави тестенини кои имаат три пати повеќе влакна од било која друга тестенина. Житарките од цело зрно се многу здрави за вашиот организам и за варењето. Рецепт: Запржете малку лук и додајте туна во маслиново масло, пченка и сецкан домат. Сосот послужете го со пармезан.
Путер од кикирики или бадеми
Овие намирници се богати со протеини, содржат монозаситени масни киселини кои се одлични за срцето. Путерот можете и сами да го направите. Рецепт: Измиксајте 2 шољи пржени кикиритки или бадеми, една и пол лажица масло, половина лажица кафен шеќер и прстофат сол. Ако сакате посладок путер, додајте и малку мед.
Целер
Состојките на целерот ги штитат забите, а дополнителното џвакање создава многу сокови кои неутрализираат различни бактерии кои предизвикуваат кариес. Освен тоа, целерот го масира забното месо и го чисти просторот помеѓу забите.Рецепт: Со оглед на тоа што целерот е прилог кој одговара со секое јадење. Одличен додаток е со варен зеленчук и пилешко на скара.
Обрано млеко
Обраното млеко содржи 9 есенцијални нутритиенти, меѓу кои и калциум, витамин „Б“ кој е добар за невролошките функции и витамин „Д“ кој е борец против рак. Рецепт:Престанете да пиете бело кафе или вообичаената шоља млеко, и зачинете го кафето со екстракт од ванила и цимет.
Боровинка
Ова супер овошје богато со влакна, е одличен антиоксиданс кој е многу корисен во јакнење на крвните садови. Боровинките се одличен извор на витамин „Ц“, биофлавоноиди, фолна киселина, калиум, калциум и железо. Рецепт: Сладоледот од ванила или јогурт прелијте го со ова вкусно овошје и ќе добиете здрав десерт.
Бунгур
Бунгур е делумно сварена, исушена и здробена пченица богата со железо, фосфор, цинк, манган, селен, магнезиум, калиум и „Б“ витамин. Исклучително е благотворна за системот за варење, а помага и при запек, дивертикулоза на дебелото црево, срцеви болести и рак. Рецепт: Баш како и оризот, тестенината и киноата,бунгур е вкусен и неутрален прилог кој можете да го комбинирате со секое јадење.
Леќа
Леќата се вбројува во групата зрнести мешунки. Не содржи заситени маснотии, ниту холестерол, а е извонреден извор на растворливи и нерастворливи влакна. Позната е како енергетски вредна намирница со висока концентрација на „Б“ витамини и големи количини јаглехидрати. Рецепт: Леќата одлично одговара со домат, лук, кромид, месо, сувомеснати производи, маслиново масло, овчо и козјо сиење, па направете вкусно вариво или јадете ја како прилог со месо.
Лук
Овој зеленчук треба да се издвои затоа што содржи снажни антибактериски сумпорни споеви. Тестовите покажаа дека лукот убива разни видови бактерии. Истражувањата покажуваат дека тие се најмоќни кога лукот се јаде свеж и сиров. А тоа дека ќе имате добри здравје – загарантирано. Рецепт: Со оглед на тоа што лукот е прилог кој одговара со секое јадење. Одличен додаток е со варен зеленчук и пилешко на скара.
проф. Ангелче Гушев