Кондиционен тренинг е процес на подобрување на моторичките способности (сила, издржливост, брзина, флексибилност, координација, прецизност, агилност, рамнотежа) и функционални (аеробни и анаеробни) капацитети и способности , морфолошките карактеристики, здравствениот статус кај спортистите, учениците или рекреативните спортисти, како за одредена цел и потреба за усовршување на моторичките вештини !
Која е целта кондициониот тренинг ?
Целта на кондициониот тренинг е користење на некои хипотетички дефиниран оператор -спортисти, ученици или рекреативци (број на повторувања на една вежба), од почетна (иницијална) состојба па се до претворање во финална (посакувана) состојба! Веројатно многумина и од вас сте горди кога знаете дека имате направено и одработено добар тренинг и сте дале се од себе и сте создале понатамошна мотивација за тренинг со создадено и оформено чувство да после тренингот, се појавуваат видливи резултати.
проф. Ангелче Гушев