Home / Индивидуални спортови / Хидроспид – екстремна форма на рафтинг

Хидроспид – екстремна форма на рафтинг

hidroХидроспид е екстремна форма рафтинг, кои се појавува во доцните седумдесетти години во Франција. Љубителите на овој спорт сега имаат нова дестинација каде адреналинот го достигнува својот максимум – глечерот Алеч   Глечер, најпознатиот глечер во Швајцарија. Спортистите обично користат пераји (перки)  за да имаат подобра контрола на движењата во речните текови, додека пак даската за хидроспид  им овозможува да  лебдат. Оделото за гнурење, чизмите  и кацигат  се носат  како заштита од студотот и од замрзнатите карпести ѕидови. Во прилог на оваа опрема се користат и ракавици, штитници  за колената, колковите и лактот, како дополнителна заштита во плитките реки. Благодарејќи на обуката и тренингот, подобрување на даските за хидроспид и соодветна заштитна опрема овој спорт продолжува да се развива и  се повеќе и повеќе тој е присутен  и популарен спорт во светот.
Додека спортистите од овој спорт лежат на даската од тврда пена, хидроспидерите на глечерот  Алеч ги очекуваваат  многу искушенија. Областа е позната по нејзините чести бури и ветрови кои достигнуваат и до 250 км/ч, а самата водна патека по која пловат е  вода во длабока клисура. Покрај тоа, ледничките  езера кои се напојуваат од  протокот на вода која  често се создава под влијание на попладневната  топлина,  доаѓаат и огромни распарчени парчиња мраз.  Ако не успеат да  избегне нив, спортисти може да се здобијат со сериозни повреди. Покрај овие проблеми скриените шуплини во карпите околу Алеч се дополнителна закана за  да ги пренасочат хидроспидерите  од нивниот пат и да ги удрат во  нивните карпести ѕидови.
Слики кои ви ги преставуваме сведочат за успешниот  поход на францускиот  планинар  Клод-Ален Гаиланд , а воедно и експертот  за кањони Жил Јанин  кои ја совладуваат делницата која се  протега на повеќе од  10 километри оддалеченост од врвот на  глечер Алеч до заливот во подножјето. Фотографот  Дејвид Карлиер ги има забележано најинтересните кадри кои ги  поставуваат новите  стандарди во светот на екстремниот хидроспид.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*