Home / Методика на ФЗО / Училишниот спорт во Данска

Училишниот спорт во Данска

danska 1Данскиот училишен спортски сојуз (ДУСС) е национална спортска организација и е единствена од тој вид во Данска. ДУСС  работи на подобрување на здравјето на учениците, преку организирање на забавни и теловежбовни активности во данските училишта. ДУСС спроведува неколку големи национални натпреварувања преку кои се тежнее да се мобилизираат што  поголем број на училишта. Целната група на финалните натпревари и турнири се сите ученици, и тоа од најмлади до најстари, од спортисти до оние кои прв пат се вклучуваат во светот на спортот. ДУСС  доста се гордее со вклучувањето во спортски активности на учениците со посебни потреби. Најважни активности и натпреварувања во ДУСС се: Денот на вежбање, Play patrol, Школски спорт, Граничар, училишни натпреварувања во кошарка, одбојка, фудбал, ракомет и атлетика. Една од најважните активности им е Play patrol како проект и  кој воедно е доста интересна активност , а се реализира за време на училишните паузи. Задачата на проектот е за време на одморот (зимски или пак летен) на учениците да им се обезбедат  активности низ игра и забава. ДУСС има и издавачка дејност, тој издава и образовен материјал и публикации за едукација на спортските учители. Сојузот исто така е издавач на популарниот спортски магазин IDRAET IN SKOLEN (Вежбање во училиште). ДУСС има свои 15 подрачни здруженија кои тесно соработуваат со спортските училишни претседателства во општините и спортските одбори во училиштата. Локалните здруженија организирааат активности на локално ниво самостојно или во соработка со ДУСС. Мисијата и визијата на ДУСС е поттикнување на децата и младите да низ спорт и движење создадат темел за трајни спортски навики и телесно вежбање. ДУСС има за цел да го промовира и јавното здравство и тоа да :
–    на сите ученици да им се овозможи да ја доживеат радоста од спортот и физичката активност
–    на сите ученици да им се овозможи чувство за одговорност за сопствен физички и интелектуален развој
–    како поединци или како група спортски да делуваат во зедницата
–    на сите ученици да им се овозможи сеопшто знаење во корелација помеѓу животот и здравјето

Ако разбирате дански можете да го посетите нивниот веб сајт http://www.skoleidraet.dk/

проф. Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*