Home / Престој во природа / Логорување во природа / Трети сениорски средби на извидниците од Западен Балкан

Трети сениорски средби на извидниците од Западен Балкан

veles-620x3301qВо периодот од 20-22.2.2015 год. во Делиблато, Шумско-рекреативен центар “Чардак“ (Резерват Делиблатска пешчара) , Република Србија  се организираа третите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Македонија, Србија, Црна гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. На оваа тридневна средба за учесниците се орагнизираа повеќе темаски панели на кој се разговарше за: создавање на заеднички тим за обука, франшиза,  брѓанска (сениорска) смотра , потоа за квалитетот на програмата на извидничката организација , систем за квалитет и аналитика, извидничкото движење во заедницата, систем на заедничка размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заедничк проекти.   За сите учесници беше организирана и посета на Белград со негово разгледување под водство на публицистот Зоран Николиќ кои на сите учесници им го престави Белград под Белград (Калемегдан) и  презентација на преубавата Делиблатска пешчара . Делегацијата на СИМ беше составена од  17 извидници од извидниките одреди “Димитар Влахов“ од Велес,“ Јадран “ од Скопје и  “Крсте Јон“ од Струга Учесници од извиднички одред “Димитар Влахов“ беа Јордан Бајрактаров, Ангелче Гушев , Влатко Влахчев, Богдан Маневски и Златко Ристов.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*