Трчањето е одличен избор на спортска активност. Тоа е најприроден начин на согорување на килограмите, кој воедно е и бесплатен, а може да се спроведува каде било. Не ви е потребна скапа опрема, а резултатите се видливи навистина брзо. За време на оваа активност се лачи хормонот на среќа ендорфин, благодарение на кој значајно се подобрува нашето расположение и се отстранува стресот. Оваа спортска активност ја зголемува издржливоста и кондицијата на организмот, а за време на 30 минутно трчање се согоруваат околу 340 калории. Трчањето е извонреден начин за зајакнување на имунитетот и подобрување на циркулацијата, со што се намалува ризикот од срцеви болести, особено од инфаркт. Исто така, доаѓа и до поголемо снабдување на мозокот со кислород. Во продолжение Ви преставувам дванаесет неделна програма за трчање.
ПРВА СЕДМИЦА
– трчање 0 минути
– одење 4+1 минута*
Вкупно време = 20 минути
* брзо одење 4 минути, потоа лесно одење 1 минута
ВТОРА СЕДМИЦА
– трчање 1 минутА
– одење 3 минутИ
– повторете 5 пати
Вкупно време = 20 минути
ТРЕТА СЕДМИЦА
– трчање 1 минута
– одење 2 минути
– повторете 7 пати
Вкупно време = 21 минути
ЧЕТВРТА СЕДМИЦА
– трчање 1 минута
– одење 1 минута
– повторете 10 пати
Вкупно време = 20 минути
ПЕТТА СЕДМИЦА
– трчање 2 минути
– одење 1 минута
– повторете 7 пати
Вкупно време = 21 минути
ШЕСТА СЕДМИЦА
– трчање 3 минути
– одење 1 минута
– повторете 5 пати
Вкупно време = 20 минути
СЕДМА СЕДМИЦА
– трчање 4 минути
– одење 1 минута
– повторете 4 пати
Вкупно време = 20 минути
ОСМА СЕДМИЦА
– трчање 6 минути
– одење 1 минута
– повторете 3 пати
Вкупно време = 21 минути
ДЕВЕТА СЕДМИЦА
– трчање 9 минути
– одење 1 минута
– повторете 2 пати
Вкупно време = 20 минути
ДЕСЕТА СЕДМИЦА
– трчање 12 минути
– одење 1 минута
– потоа повторно трчање 7 минути
Вкупно време = 20 минути
ЕДИНАЕСЕТА СЕДМИЦА
– трчање 15 минути
– одење 1 минута
– потоа повторно трчање 4 минути
Вкупно време = 20 минути
ДВАНАЕСЕТА СЕДМИЦА
– трчање 20 минути
– потоа скокнете од радост дека ја совладавте шемата
Вкупно време = 20 минути
м-р Ангелче Гушев