Со богатиот спектар на хранливи и здравствени состојки, тиквата е незаменлива намирница во есенскиот јеловник. Премногу е богата со витаминот А, витамин кој е важаен за здравјето на очите, конкретно на мрежницата. Благодарејќи на бета – каротенот, оваа намирница преставува силен анти-оксиданс и ги штити очите од катаракта. Тиквата содржи 90 % вода со што таа станува идеална за сите оние кои имаат желба да ја намалат телесната тежина, а при тоа не ги скратуваат можностите на организмот за минерали и витамини. Темно-жолтата врста на тикви содржи и специфична киселина која делува против канцерогените клетки.
Семките од тиквата исто така се многу хранливи. Содржат 20 % од протеините со најдобар квалитет, многу целулоза која ја регулира работата на органите за варање, а истовремено се и добар извор на калијум – минерал кој е важен за метаболизмот, рамнотежата на течности во организмот , срцето, крвните садови и нервниот систем.
м-р Ангелче Гушев