За да ја процениме физичката подготовка на играчите во фудбалската игра треба ги реализираме следните специфични тестови кои ги проценуваат моторичките способности на фудбалерите во тимот, а тоа се:
– Hoff тест:
Проценка на VO2max стимулирајќи специфични структури на движења за време на фудбалската игра, односно аеробниот и анаеробниот енергетски капацитет. Проценка на техничките елементи (водење на топка со праволиниско и криволиниско движење), специфични моторички способности (екслозивна сила, тип на брзина, одскочност и агилност).
– Bangsbo тест:
Проценка на максималните можности за претрчување на зададени дистанци за време на натпревар стимулирајќи карактеристичен интензитет кој се појавува во фудбалската игра. Проценка на аеробниот и анаеробниот енергетски капацитет, проценка на агилноста
– 20 метри спринт ( премин на 5 метри и 10 метри):
Проценка на стартната реакција со топка на звучен сигнал, стартно забрзување со водење на топка, експлозивна сила од типот на спринт со водење на топка, летечки старт на 10 метри со водење на топка и проценка на техничките елементи на водење на топка.
– Ajax shutlle тест со топка :
Проценка на агилноста со свртување на (> 90 °) со топка. Проценка на компонентите на гликолитичкиот енергетски состав, водење на топка со промена на насоката на движење со лажен удар – “лажњак“.
– Слалом со топка:
Проценка на специфична агилност (криволиниско движење со топка). Проценка на водење на топка во специфични услови на движење.
– Зиг – Заг со топка:
Проценка на специфична агилност (криволиниско движење со топка). Проценка на водење на топка во специфични структурирани движења.
– Промена на насокоата на движењето под прав агол со топка:
Проценка на специфична агилност под прав агол (криволиниско движење со топка), проценка на водење на топка во специфични структурирани движења и водење на топка со промена на насоката на движење со лажен удар – “лажњак“.
– Удар на гол со преден дел на стопало:
Проценка на прецизноста на ударот со технички елемент од фудбалската игра, техничка изведба на удар со преден дел на стопало, експолозивна сила на тип на шут (мерење на брзина на удар).
– CR7-speed тест:
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност и подвижност, водење на топка со промена на насоката на движење, прецизен шут, експлозивна сила од типот на шут и контрола на топката.
– TOR- тест за прецизност:
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност и подвижност. Проценка на водење на топка со промена на насоката на движење, прецизен шут, експлозивна сила од типот на шут и контрола на топката.
– Agility ball run – тест :
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите на гликолитичкиот енергетски состав.
м-р Ангелче Гушев