За да ја процениме физичката подготовка на играчите во кошаркарската игра треба ги реализираме следните специфични тестови кои ги проценуваат моторичките способности на кошаркарите во тимот, а тоа се:
– Тест 20 јарди
Проценка на агилноста, експлозивна сила од типот на стартно забрзување, брзина на движење во кошаркарски став, динамичка рамнотежа
– NBA Agility тест
Проценка на агилноста, експлозивна сила од типот на стартно забрзување, брзина на движење во кошаркарски став, промена на насока на движење, динамичка рамнотежа
– Тест Спринт 20 метри или тест спринт ¾ од кошаркарскиот терен
Проценка на стартно забрзување, експлозивна сила од типот на спринт
– Водење на топка со промена на насоката на движење и рака на водење на топка ( 10м. + 10 м.)
Проценка на агилноста со свртување (180 °) со топка
– Repeated Basketball Agility Test (RAST но со агилност)
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите со гликолитичен енергетски состав
– Тест 300 ѕарси или 300 м.
Проценка на експлозивна сила од типот на спринт, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите со гликолитичен енергетски состав
– Самоубиство (со топка и без топка)
Проценка на експлозивна сила од типот на стартно забрзување, агилност со промена на насоката на движење. Проценка на компонентите со гликолитичен енергетски состав и проценка на агилноста со свртување со топка
– Вертикален скок
Проценка на експлозивна сила од типот на отскочност
– Фрлање на топка од седење
Проценка на експлозивна сила од типот на фрлање и техничко исфрлање
– 100 шутирање на “тројка“ или “двојка“ (10х10)
Проценка на прецизноста на шутот за 2 или 3 поени
м-р Ангелче Гушев