Home / Индивидуални спортови / Стој на раце – Мост – Премет во страна

Стој на раце – Мост – Премет во страна

Акробатиката е дел од спортската гимнастика која ја сочинуваат разни гимнастички елементи. Гимнастичките елементи се изведуваат со контролирани и убаво обликувани движења. Една гимнастичка вежба треба да биде составена од елементи со различна тежина, меѓу себе поврзани со одреден ритам и динамика. Вежбите се изведуваат на посебно подготвена подлога (гимнастички душеци). На официјалните натпревари по спортска гимнастика димензиите на подлогата изнесуваат должина 12 метри и широчина 12 метри и 1 метар додатна заштита. Изведувањето на различни вежби на подлога ќе придонесат за развивање на силата на мускулите на нозете, рацете и рамениот појас, грбот и стомакот. Посебно значење овие гимнастички вежби имаат за развојот на еластичноста на целото тело, координацијата, силата, рамнотежата и храброста.

С6344778584_99540767f6_zтој на раце
Еден од основните гимнастички елементи на подлога е стој на раце. За совладување на овој елемент е потребна претходна физичка подготовка. Овој елемент се изведува од стоечка почетна положба. Со замавната нога се замавнува наназад и горе, а рацете исправени се поставуваат во широчина на рамената на подлогата, главата е подигната нагоре. Замавната нога ја подигнува одразната нога нагоре со што телото се доведува до положба стој на раце. На совладаниот елемент стој на раце може да се надоврзат и други елементи од акробатика.

Мост
Во акробатиката мостот се користи за поврзување на други гимнастички елементи на подлога. За совладувањето на техниката на елементот мост потребно е претходна припрема која содржи вежби за развивање на елестичноста на целото тело.

Премет во страна “ѕвезда”
Премет во страна “ѕвезда” по техниката на изведување е многу слична со елементот стој на раце. Се изведува од стоечка положба. Телото е бочно свртено кон правецот на изведувањето на елементот, а рацете се во положба на одручување. Се одножува со левата нога и со исчекорување во лево, вежбачот во истиот правец ја поставува на подлогата прво левата, а потоа и десната рака, истовремено се одбива од подлогата со левата нога, а со десната нога замавнува нагоре во правецот на движењето. Потоа се одбива, прво, со левата, а потоа со десната рака во истиот правец, и се дочекува на десната нога, телото се исправа, а рацете се во положба на одручување. Исто како и елементот стој на раце, и на овој елемент може да се надоврзат и други елементи од акробатика.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*