Под мотото “Здравјето пред се“ на 6.4.2023 год. (четврток) педесет ученици од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес го одбележа 6ти Април, Меѓународен ден на спортoт и мир, како и по повод 7ми април, Светски ден на здравјето, ССОУ ,, Коле Неделковски” заедно со VELES BIKING и во соработка со МВР Велес како и наставници и ученици од основните училишта, имавме заедничко дружење и споделување на искуства за возење велосипед. Активностите се реализираа на специјализираната велосипедска патека за спретсно велосипедско возење “PUMPTRACK“ и патеката во градскиот парк.
На оваа активност беше презентирана Резолуцијата на Генералното Собрание на Обиденетите нации преку која овој ден 6 Април е прогласен за Меѓународен ден на спортот и мирот. Беше искажано дека преку спортот се манифестираат и највредните особини кај луѓето, како што е истрајноста , дисциплината и личниот интегритет и фер плејот.
Во разговорите со учениците беше истакнато дека спортот има единствена моќ за сплотување на сите луѓе во светот и тој е моќно средство за постигнување на мир во светот. Спортот ги поврзува лугето , а етничките, верските и економските поделби под влијание на спортот паѓаат во сенка заедно со сите предрасуди и недорабирања. Беше истакнато дека редовната физичка активност и играта како средство се неопходни за физичкиот, менталниот, социјалниот и психолошкиот развој на младите.
На оваа активност беа преставени и активностите на училишниот спортски клуб “Коле Неделковски“ – УЗУС и неговите програмски активности , а воедно беа и разгледани сите можности за вклучување на сите ученици при нашето училиште во организирано планинарење, престој во природа и велосипедизам и организација на турнирски натпревари во футсал, кошарка, ракомет и одбојка помегу класовите на ниво на сите четири генерации во училиштето.
Ученици од угостителската струка придонесоа за денешниот настан да биде едно цело со вкусна свежа лимонада и јаболка како симбол на здрав живот со што докажавме дека ССОУ “Коле Неделковски” е училиште со здрава иднина.
м-р Ангелче Гушев