Луѓето кои во детството биле членови на извидничкото движењето , а не само и како деца помалку страдаат од анксиозност, но исто така и подоцна во животот имаат подобро ментално здравје, покажува една сеопфатна британска студија и истражување.
Анализирајќи ги податоците на долгогодишни студии во кои беа следеа повеќе од 10.000 луѓе родени во 1958 година, научниците докажаа дека луѓето кои биле извидници имаат 15 проценти помал ризик од анксиозни нарушувања или нарушувања на расположението и со 50 години, пренесува New Scientist.
Извидниците во акција: Кај возрасните соседи доброволно го уредува дворот, а жената се расплака од возбуда. “Зачудувачки се придобивките кои биле забележани после толку многу години откако биле членови на извидничкото движење”, вели раководителот на истражувањето проф. Крис Дибен од Универзитетот во Единбург.
Извидничкото движење промовира независност, одлучност и желбата за самостоен развој кај децата и тоа за време на активностите на отворено, кој што психолозите го сметаат за клучен за зајакнувањето на менталното здравје. “Со оглед на високиот степен на проблеми со менталното здравје, поддршката на волонтерските програми за младите луѓе како што се извидниците – тие изгледаат доста мудар потег за долгорочно здравје”, заклучува Дибен.
Истражувачите не забележале дека учеството на младите во црковни групи или други волонтерски активности има исто корисен ефект врз менталното здравје кај децата.
Во истражувањето треба да се нагласи дека биле опфатени децата од сите општествени слоеви кои биле вклучени со програмски активности во извидници.
Луѓето со послаба куповна моќ имаат поголем ризик од ментални нарушувања, но извидниците го намалуваат или пак целосно може да ги избришат разликите во менталното здравје помеѓу богатите и сиромашните.
“Владите и здравствените институции ширум целиот свет се во потрага по начин за да се намали јазот помеѓу богатите и сиромашните. Извидниците се доказ дека тоа е возможно само треба децата и младите да се вклучат и учествуваат во извидничкото движење”, тоа е еден од најважните заклучоци на еден од психолозите кој работеше на студијата, Ричард Мичел од Универзитетот во Глазгов.