Home / Колективни спортови / Совршенството на одбојката како тимски спорт

Совршенството на одбојката како тимски спорт

Team-USA-Womens-Volleyball-21Одбојката е динамичен, неконтактен тимски спорт базиран наинтересна, креативна и натпреварувачка игра. Одбојкатае спорт кој развива низа способности и особини што се од големо значење за развој на здрав организам.

Правила на игра
Одбојката е спорт кој изобилува со брзина, експлозивност и сестрани движења на телото. Од играчите се бара брза реакција, концентрираност и моментална снаодливост. Главна одлика на денешните одбојкари се снагата и висината, а примарно, за успех на една екипа, е сложната и тимска игра.
Одбојката е тимска (групна) игра, составена од по шест играчи кои своите сили и воиграност ги „одмеруваат“ на теренсо големина од 18х9 метри, на средината поделен со мрежа.
Целта на секоја екипа е да ја „забие“ топката во теренот на противничкиот тим, за тие да не можатда успеат да ја вратат. Екипата смее топката да ја допре трипати во еден поен, но ист играч не смее да ја допре топката двапати едноподруго.

Корисна и за двата пола
Генерално, според статистиката, одбојката е повеќе примамлива за  жените отколку за мажите.
Како и кај повеќето спортови, бенефитите од практикувањето на одбојката се повеќекратни по телесното и менталното здравје.Спореднеофицијалните статистички податоци, 95% од денешните деца имаат почетокна телесни деформитети (рамни табани, слаби мускули кои го држат ’рбетниот столб, неразвиена моторика на движења…) кои не се поврзани со наследниот фактор туку со влошениот начин на живеење. Како што детето мора да научи да зборува, тоа мора да научи и да ја развива својата моторика. Практикувањето на одбојка поттикнува работа на останатите физиолошки процеси во организмот. Освен тоа, одбојката има големо влијание на емотивниот развој на детето – развој начувствоза самодоверба(детето ги совладува препреките кои во почетокот не успевало), задоволство и чувство за припадност на групата.
Одбојката е спорт за секого и рекреативно може да биде добра друштвена игра, практикувана во текот на целата година. Особено популарна е одбојката на плажа, каде и не се бара посебна подготовка или пак точно утврдена екипа како што наложуваат правилата.
За професионално практикување на овој спорт, сепак, се потребни одредени предиспозиции, како  телесни така и ментални, но со добро утврдени тренинзи и со стручно водство потенцијално секој од нас може да биде добар одбојкар.
Активностите на одбивање и додавање на топка, карактеристични за одбојката, се често корисни како вежби за превенција и исправање на деформитетите на ’рбетниот столб.

Придобивките од одбојката се:
– да придонесе во општиот и специфичен биомоторички развој
– да придонесе во развојот на моторните навики и знаењата карактеристични за одбојката
– да придонесе за формирање позитивни морални и волни особини
– да овозможи корисна, здрава забава и разонода,како и заштита од негативни влијанија
Правилното држење на телото е важно за физичкиот, но и за психичкиот здравствен статус. Повеќето движења во одбојката придонесуваат за симетричен развој на мускулатурата кај оние што го практикуваат овој спорт. Не случајно се препорачува на родителите,чии деца имаат проблеми со неправилно држење,да се занимаваат со одбојка.

Одбојката дава можност за докажување на сопствените способности прекуспортот, дозволувајќи афирмација на сопствениот идентитет, социјализација и доживување на одбојката како одличен избор за исполнување на сопственото слободно време.
Одбојката е аеробен спорт, па, во согласност со ова, е одлична за сите оние со вишок телесна маса бидејќи го поттикнува топењето на масните наслаги.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*