Да се биде во спортот тоа значи да се работи на личното подобрување и унапредување, но ако работите за спортот во синергија со другите, конечната цел е ракометот како колективна игра. За мене спортот, а со тоа и ракометот, тоа е предизвик кој како противник те тера да стигнеш до совршенство, различност, креативност и иновација. Креативноста го означува воочувањето на проблемот во играта и пронаоѓање на единствено решение на истиот. Само тоа што како новина – тоа е креативноста. Овој начин на размислување мора да се применува во ситуација кога се планира идниот развој на ракометот. Не постои креативност без знаење која започнува со радозналост. Радозналоста е сила која што го движи секој тренер. Секогаш треба да барате позиција од која гледате јасна позиција, а радозналоста преставува желба за учење и знаење. За да се постигне напредокот и да би создале идни квалитетни и креативни ракометари, мораме да ја промениме технологијата, односто пристапот во методологијата и дидактиката која мора да се примени во секојдневните тренинзи, а всушност тоа се промените. Но за жал , да се спроведат овие промени во работата секогаш се појавува голем отпор. И тоа не само во создавањето на нов модел во ракометната иднина туку и со се што е поврзано со развојот на ракометниот спорт. На пример измените на судиските правила во ракометот кои дозволуваат лична проценка на судиите кои носат големи неправди и манипулации. Етиката во спортот е базирана на принципите каде што подобрите победуваат, а не богатите, привилигираните или они со подобрата “поддршка“.
Многу е значајно да ја промениме технологјата на тренирање, затоа што преку дијагнстиката во текот на играта мора да се појави еквивалентност со она што се работи за време на тренингот.
Во насока на моето погоре тврдење, треба да се присетиме на изјавата на Алберт Ајштајн кои вели дека би било залудно да очекуваме подобри резултати, а никогаш ништо не се менува. Само со промени можеме да постигнеме успех напредок.
Само со промени може да постигнеме успех и напредок, како што е навиката е непријател на учењето. Спортот е дел од животот со конкретни вистини и заклучоци, а всушност тоа се резултатите. Ракометот е игра со многу играчи во постојано движење и конфликти на лично, групно и колективно ниво, па затоа е многу тешко да се анализира.
За жал денес ракометот е еден од спортовите со нај мал број на научни студии и докази за вклученоста на различни методи на тренинг и подучување. За да се подобри ракометната игра како во психомоторичката, така и во ТЕ-ТА методологијата на усвојување и усовршување, без резевно мора да се прошири ова подрачје на истражување, а со тоа и да се овозможат поголеми финасиски средства во истражувањата во овој спорт. Развојот на играчите подразбира и подобрување на самите индивидуи – ракометарите и тоа во измена на функционално-моторичките способности, когнитивните, конативните и морфолошките карактеристики (телесна градба, односно целокупниот потенцијал на ракометарот).
За да се создаде или претстави атрактивна ракометна иднина, како прво мора да се појави цврста професионална основа, започнувајќи од училишниот спорт, па се до тренерите и стручните лица и сите останати ракометни профили кои се потребни во ракометниот колектив.
Со вклучување на наставниците по физичко и здравствено образование и спорт и спортски активности кои се стручни на научните полиња во спортот, вклучуваме стручни лица од науката во помош на развојот на ракометот. И покрај тоа што ракометот не е наука, науката може да помогне на ракометот. Тешко може да се замисли иднината на ракометната игра без тренери-играчи и тренери-учители кои би работеле со помладите категории, со деца од пет до шест години, па се до годините на пубертет. Помеѓу овие два периоди мора да се направи воочлива разлика.
Посебно го издвојувам значењето на тренерот-играч кој помага на децата да ја воочат вештината на ракометната игра, а воедно им помага да го сватат ракометот како целина, но сепак се грижат и за нивното правилно растење. Она што преставува тежок проблем во информацијата и комуникацијата е она моторичкото знање и процесот на пренесување на вештините низ методско-дидактичката дејност која има за цел да дедат одговор на прашањето “како“, “што“ и “зошто“. Во оваа насока голема улога имаат тренерите – учители. Се разбира дека ракометната иднина со полно право треба да ги реафирмира тренерите како институција, како и неговиот авторитет. Иднината на ракометната игра ќе бара од играчите да многу повеќе размислуваат, тренираат и интензивно играат, да бидат креативни и иновативни како тренерите. Самата иновација се создава преку единствена идеја. Од гледна точка на структурните движења (техника “зошто“) и структурна ситуација за време на игра (тактика “заради што“) ракометот преставува една од најсложените колективни игри во кои преовладува брзата трансформација од една во друга. Како би се прикажал развојот на на идниот ракомет, многу е важно да се одредат параметарски систуации на придонесот на секој играч во натпреварувачките услови на самиот спорт, но се разбира и во синергија со останатите соиграчи. Статистичките податоци се многу важен елемент и многи значајни и треба да одат во прилог на погоре споменатото.
м-р Ангелче Гушев