Home / Кондициска подготовка / Совети за кинезиолошки активности во зимски услови

Совети за кинезиолошки активности во зимски услови

zima2Доаѓаат зимските денови каде што ладното време е она што сите ни смета кога ќе стане збор за вежбање. Студеното време може да ја намали способноста на вашето тело и да не дозволи тоа да го даде максимумот на тренингот. Посебно внимателни треба да бидеме кога температурите паѓаат под нулата. За телото е многу потешко да се прилагоди на ладно, одколку на топло време. Топлината на телото опаѓа и одржувањето на внатрешната температура станува потешко во такви услови.
На оние  спортисти кои имаат голема спортска им е полесно да извршат дадена вежба и да ја одржуваат телесната топлина,за разлика од рекреативците кои не се во толку добра физичка форма. Доколку загубата на топлина го надминува производството на топлина, тогаш може да дојде до хипотермија, односно внатрешната температура на телото да падне под 35° C. Хипотермијата доведува до замор, конфузија, растрепереност, нејасен говор… Намалувањето на телесната температура може да биде многу опасно за човекот, затоа внимавајте на условите во кои вежбате и најважно од се е да си го слушате телото.
Оние кои се занимаваат со спортови на планина, каде нема посебни услови мора да бидат многу внимателни. Температурите на планина може да бидат многу ниски, а и ладниот ветер кој дува може да направи проблем  на деловите од телото кои не се покриени (најчесто лицето). Дишењето преку уста за време на вежбање/движење со поголем интензитет може да доведе до губење на многу вода од организмот, а со тоа и намалување на неговата внатрешна температура.
За кинезиолошките активности во перидот на зимото преставуваме неколку совети за да може да се одржите во добра форма за време на вежбањето во зимски услови. Овие совети ќе ви помогнат да ги одржите вашите перформанси на повисоко ниво:

КВАЛИТЕТНА НАДВОРЕШНА ОПРЕМА
Облечете се добро. Ставете некој слој облека плус додека не почне да ви се загрева телото. Подоцна соблечете го за да не дојде до презагревање на телото. Носете облека која вентилира, односно брзо и лесно се суши и нема да дозволи потта да  оди по вас. Задолжителни се ракавици и капа.Носете јакна што не пропушта ветер и трудете се вашиот врат да биде заштитен. По завршување со активноста, пресоблечете се во сува и топла облека, додека сте сеуште загреани. Не дозволувајте телото да се “олади” во истата облека.

ВЕЖБИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА ТЕЛОТО
Загревањето е многу важно и служи токму за тоа – загревање на вашето тело пред било каква  физичка активност. Загревањето треба да ги опфати зглобовите и мускулните групи кои кои се најактивни за време на физичката активност. Загревањето е многу важно и го подобрува протокот на крв. Ни помага да ја одржиме телесната температура и секако да превенираме од повреди.

РЕЛАКСИРАНИ И СИТИ
Знаеме колку се важни овие фактои, затоа секогаш дајте си време за одмор и добро наспијте се. Пред кинезиолошките активности имајте лесни оброци со брзо сварливи јаглени хидрати и протеини. Доколку подоцна имате потреба да ја зголемите вашата енергија, земете лесни ужинки.

ВНЕСУВАЈТЕ ДОВОЛНИ КОЛИЧИНИ НА ТЕЧНОСТИ
Водата и електролитите се неизбежни за време на кинезиолошките активности. Покрај сите придобивки кои ги имаме од водата, таа ни помага да ја одржиме телесната температура и да не дојде до дехидрација на телото. Електролитите пак се многу важни за да ги надокнадиме солите кои ги губиме преку потта.Практикувајте доволно количество внес на вода и електролити за време и по кинезиолошките активности.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*