Зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор γυμναστική (гимнастике) што значи „фонд на физички вежби“, од γυμνάσια (гимназија) што значи „вежба“ и γυμνός (гиннос) што значи „гол”, бидејќи физичките вежби се изведувале со голо тело.
Гимнастиката за прв пат се појавила во Египет, но тогаш се сметало дека тоа биле само акробации. Во 2 милениум п.н.е. на островот Крит, како дел од минојската култура многу мажи и жени почнале да скокаат преку бикови. Ваквата опасна вежба се состоела во скок кон бикот кој е во фаќање, држење и испуштање од неговите рогови по што следувале акробации во воздух.
Во римската држава гимнастиката исто така била популарна како и во стара Грција, а таа главно се практикувала во подготвувањето на војската. Со укинувањето на Античките олимписки игри во 393 година од страна на римскиот император Теодосиј Велики, гимнастиката како и останатите спортови останала заборавена со векови.
Во 1774, Прусинот Јохан Бернард Базедов вовел неколку телесни вежби во рамките на наставата во училиштето во Саксонија во коешто работел. Од тој момент започнува модернизацијата на гимнастиката. Во гермаснките држави спортот брзо се развивал. Започнале да се создаваат и првите помагала, а пионери во тоа билешвеѓанецот Јохан Фридрих Гуц Мут (1759-1839) и Фридрих Лудвиг Јан (1778 – 1852). Јан создал и неколку техники од кои произлегле и денешните вежби (вратило, разбој, греда, скокови). Швеѓанецот Пер Хенрик Линг воведува и вежби со кругови, стапови и топчиња каде што важни се ритамот и координацијата. Во Европа, првиот клуб е отворен во Берлин во 1881 година, а во САД, овој спорт бил актуелизира нпред граѓанската војна од страна на Дадли Ален Сарџент којшто бил учител по гимнастика на неколку американски универзитети. Но, сепак слободно може да се каже дека во САД гимнастиката била пренесена од емигрантите од Европа.
Во модерната гимнастика се исклучени способностите трчање, пливање и подигање тегови кои биле дел од гимнастиката во античко време.
Се смета дека првиот гимнастичарски натпревар на помагала се одржал во 1877 година во Австро-Унгарија (поточно во Чехословачка). Во 1888 е создаден и Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ). Седиштето на овој сојуз е во Швајцарија, а во него членуваат повеќе од 150 земји. Со неговото создавање започнале да се осмислуваат и гимнастичките дисциплини и помагала кои ќе бидат потребни.
Гимнастиката била планирана и се реализирала како спорт од Олимписката програма на првите модерни Летни олимписки игри 1896 година во Атина. Оттогаш, па и до денес, гимнастиката редовно е вклучена во Олимписката програма. Мажите настапувале уште од првите модерни Олимписки игри, а жените тоа го сториле дури на Летните олимписки игри – 1928 одржани во Амстердам.
На почетокот на минатиот век, во 1903 е одржано првото светско првенство во гимнастика во Антверпен. Првото европско првенство се одржало во 1955 во Франкфурт. Како и на Олимписките игри, така и на овие големи натпреварувања на почетокот учествувале само мажите. Жените на светските првенства за прв пат настапиле на првенството одржано во 1934 во Будимпешта, а на европските на првенството одржано во 1957 во Атина.
Спортска гимнастика
Во артистичката гимнастика постојат натпреварувања во машка и женска конкуренција. Мажите се натпреваруваат во 6 дисциплини: партер, кругови, вратило, разбој, коњ со рачки и прескок; а жените во 4: партер, греда, двовисински разбој и прескок.
Женски дисциплини
Прескок : Во прескок, гимнастичарките трчаат 25m (околу 82 стапала) до прескочниот коњ или отскочна табла од која држејќи се со рацете изведуваат вежба во воздух префрлајќи се од другата страна на помагалото. Егзивбицијата во воздух може да вклучува едно или две повеќекратни салта или култови, или пак може да биде само вртење на воздух. При доскокот многу е важно гимнастичарката стабилно да застане со две нозе, бидејќи во спротивно тоа се казнува од страна на судиите. Во 2001, старото помагало „коњ“ беше заменето со ново, отскочна табла која е поцврста, постабилна и со поголема површина (1m со 1m) и овозможува поголема стабилност и сигурност при изведувањето на прескокот. Со оваа промена на помагалото, гимнастичарите се обидуваат да изведат посложени и потешки вежби
Двовисински разбој : Во дисциплината двовисински разбој, гимнастичарките изведуваат вежби на две хоризонтални шипки со различна висина којашто е фиксно утврдена за разлика од растојанието помеќу нив кое може да биде различно. Гимнастичарките на шипките се нишаат, кружат, поместуваат, движат под и над шипката и скокаат од една на друга за време на својот настап којшто го завршуваат сои скок со кој потребно е да се приземјат со двете нозе. Гимнастичарките често се качуваат на шипките користејќи помошна даска.
Греда : На греда гимнастичарките во рок од 60 до 80 секунди изведуваат разни скокови, движења, вежби и акробации. Според Меѓународната гимнастичка федерација, гредата треба да биде долга 500cm, широка 10cm и поставена на висина од 125cm. За настап на греда потребна е рамнотежа, флексибилност и сила.
Партер : Оваа дисциплина се состои од вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m со 12m во рок од 70 до 90 секунди кои гимнастичарките ги зведуваат со придружба на музика.
Машки дисциплини
Партер : Како и гимнастичарките така и гимнастичарите во оваа дисиплина изведуваат вежби на партер во форма на квадрат со димензии 12m со 12m, но во пократок рок од 60 до 70 секунди. Исто така, тие настапуваат и без придружба на музика. Правилата велат дека гимнастичарот при својата вежба на партер смее само еднаш да биде во аголот на квадратот.
Коњ со рачки : Оваа дисциплина е една од најтешките во гимнастиката. Таа се изведува на помагалото коњ со рачки кое е долго 163cm и е поставено на висина од 110cm. Гимнастичарот со двете раце се држи за рачките или на самото помагало и изведува кружни движења и движења со своите нозе. Вежбата завршува со акробација во воздух и доскок кој треба да биде стабилен со двете нозе. Оваа дисциплина најверојатноп настанала со цел да се проверат способностите на идните коњаници. За оваа дисциплина потребна е сила, брзина, издржливост и добра подготвеност.
Кругови : Круговите се помагала поставени на висина од 250cm, а се во должина од 325cm, односно се заврзани на висина од 575cm од подот. Растојанието помеќу круговите е 50cm. На нив гимнастичарите, држејќи се со двете раце изведуваат различни вежби со движење на своите нозе и превртувања. За дофат на високопоставените кругови, гимнастичарите се подигнуваат од друго лице. За време на вежбата,круговит не смеат да се нишаат, што бара голема сила и издржливост. Вежбата на овие помагала завршува со доскок.
Прескок : Прескокот гимнастичарите го изведуваат со помош на коњ без рачки или отскочна плоча до којашто стигнуваат со трчање на растојанието долго 25m. Држејќи се со рацете за помагалото, гимнастичарите со скок, во взодух изведуваат вежба која содржи повеќекратни салта или пак само вртење. Вежбата заршува со доскок од другата страна на помагалото којшто треба да биде стабилен. Многу е важна и поставеноста на рацете и рамената, како и целосната рамнотежа на телото од што всушност и зависи квалитетот на изведените акробации.
Разбој : Дисциплината разбој содржи вежби кои главно се состојат од скокови во воздух, кружења, поместувања и движења под и над две паралелно поставени шипки на утврдена висина од 175cm.
Вратило : Ова е најспектакуларната од шесте машки дисциплини. Се изведува на пречка во форма на шипка со должина од 240cm и поставена на висина од 255cm. За да се фатат на неа, гимнастичарите се помогнат со кревање од друго лице, слично како и во дисциплината кругови. На пречката, тие изведуваат различни вежби: поместувања, вртења, скокови, салта и др.
Гимнастичарите со спортот гимнастика започнуваат да се занимаваат уште како деца. Тоа е така поради држењето на рбетот кај децата кој има пресудна улога во понатамошниот развој на телото. Гимнастичарите мора да бидат лесни, не многу високи, физички цврсти, брзи, силни и добро кондиционо подготвени. Врвните резултати во гимнастиката не се постигнуваат поденакво кај мажите и кај жените. Гимнастичарите своите најдобри резултати може да ги постигнат како и кај повеќето физички спортови, за разлика од гимнастичарките кај кои врвната форнма трае се до 25-тата година, а подоцна опаќа. Во развојот и напредокот на еден гимнастичар исто така голема улога игра и тренерот кој мора да биде стручен и кадарен. Тренингот на еден гимнастичар е долг, исцрпувачки и за да се совлада техниката потребен е многу поголем вложен труд за разлика од кај некои други спортови.
Гимнастичарите се облечени во тренерки и маичка без ракави, а носат и чорапи и имаат обуено патики, но може и да настапат боси. Гимнастичарките пак се облечени во трико и тие носат чорапи и имаат обуено патики без кои можат да настапат и тие.
проф. Ангелче Гушев