Home / Кондициска подготовка / Рана физичка активност

Рана физичка активност

Училишната возраст е време на постојан раст и развој. Физичката активност за време на развојната фаза ги зацврстува фундаменталните вештини потребни за водење на здрав и активен живот како возрасен. Овие вештини вклучуваат, но не се ограничени на агилност, рамнотежа, координација и издржливост. Учењето и развојот на овие способности исто така има извонредно влијание на детската самодоверба, која исто така овозможува постојано чувство на успешност и независност. Децата од 6-12 години почнуваат да одат на училиште со што се менува и дотогашната севкупна активност. Промените што се случуваат во растот на телото се евидентни. Кај децата на возраст од 7-11 години се одвива рамномерен телесен развој со годишен прираст на телесната висина од 5-6 см и на телесната маса од 2-3 килограми.

Телото
на децата расте со бавен но стабилен тренд. Поголемите мускули растат побргу од помалите. Поради забрзаниот раст, зголеменото физичко оптеретување може да биде потенцијална опасност
за повреди на зглобниот и на коскениот апарат. Во мирување срцевата фрекфенција е околу 105 удари во минута, а се зголемува и до 210 удари во минута при интензивни напрегања. Детскиот
метаболизам е 20-30 пати побрз во споредба со возрасните.
Деловите на телото стануваат се поефикасни во нивната функција со што се создаваат услови за многу софистицирани и вешти движења кај децата. Моторичкиот развој е карактеристичен со високи достигнувања и овој период е наречен ‘’златен период на моториката”.


Во овој период постои стремеж кон максимален развој на координацијата (снаодливост) и кон највештите изведби на научените движења. Кај децата се појавува движечки вишок ‘’движечки луксуз” и присуство на непотребни движења во спонатана движечка активност која егзистира и до 5 години во оваа возраст. Се сретнуваат хиперкинетички деца кои играат по цел ден, но има и деца што немаат интерес за движење. Во почетокот на овој возрасен период кај децата веќе треба добро да се дефинирани природните форми на движење (одење, трчање, скокање, фрлање, фаќање, удирање, качување) кои претставуваат основа за подобрување на моторичките перфоманси. Моторната контрола, координацијата и рамнотежата се видно подобрени во оваа возрасна група.

Извор: Education,Sport+Fun
https://www.facebook.com/teambuilding88/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*