Во организација на Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија, на 28.01.2021 год. (четврток) се организираше работилница на тема: Искуствата и предизвиците со онлајн наставата по Физичко и здравствено образование и Спорт и спортски активности.
На оваа работилница се разговараше за следното:
- искуства од онлајн наставата по ФЗО/ССА (мислења на наставниците)
- мислење од учениците од онлајн наставата по ФЗО/ССА
- менаџирање на наставата по ФЗО/ССА во услови на онлајн настава
- како понатаму ? Што можеме да подобриме
- дискусија и завршни согледувања и сугестии од учесниците
Како модератори на на оваа работилница се преставија Гордан Стојчевски како претседател на Федерацијата на спортски педагози на Македонија (ФСПРМ), потоа проф. д-р Билјана Попеска, член на комисијата за научно истражувачка работа при ФСПРМ, Александар Јовановиќ, Директор на ООУ “Крсте Мисирков“ Куманово,активот на наставници по ФЗО од ООУ “Ванчо Прке“ од Штип, Југослав Спасиќ, претседател на комисијатаза наставни практики при ФСПРМ.
Во рамките на оваа работилница од ССОУ “Коле Неделковски“ од Велес учество земa м-р Ангелче Гушев кој што имаше конструктивна дискусија за спроведувањето на онлајн наставата при училиштето.
м-р Ангелче Гушев