Во рамките на манифестацијата Избор на спортист на град Велес за 2021 година во организација на Општина Велес и Сојузот на спортови на Велес на 30.12.2021 год. (четврток) во големата сала на Општина Велес , Признанието за издавачка дејност го доби Центарот за кинезиологија – Велес и м-р Анѓелче Гушев автор на делото “Кинезиологијата и здравјето“. Воедно треба да се спомене дека од страна на организаторот на манифестацијата авторот м-р Ангелче Гушев доби можност да ја образложи содржината на неговото дело но и дејноста на Центарот за Кинезиологија Велес.
Ова дело ги дава сите насоки како во современите цивилизирани општества, физичката и здравствената култура да се смета за дел од општата култура на секоја индивидуа без оглед на професијата и да стане првенствено обврска и лична одговорност да се биде здрав, да се бидат во одлична физичка и ментална форма и да можа да одговори на животни предизвици. Така, постигнувањето свесност за личните недостатоци и стремежот да се стори сé што е можно за да се одржат и развијат способностите, одликите, вештините и навиките, станаа карактеристика не само на личниот развој, туку и на развојот на една нација.
Во психофизичка смисла, да се биде подготвен, издржлив и отпорен е еден од начините да се почитувате себе си и како да стекнете почит од другите. Недоволното ниво на физичка активност стана главен јавен здравствен проблем на “цивилизираното општество“ на сите нивоа. Истражувањата потврдија дека редовната физичка активност го подобрува здравјето и ги спречува болести. Сепак, и покрај напорите да се подигне свеста за голем број позитивни здравствени ефекти на физичката активност, околу 60% од возрасните во развиените европски земји се нередовно активни или целосно неактивни, додека во Македонија процентот е уште поголем.
За жал, во Македонија сè уште нема национални упатства за унапредување на физичката активност на сите нивоа. Редовната физичка активност е цел кон која секој треба да се стреми, бидејќи со нејзиното спроведување може и треба да се зачува и подобри здравствениот статус и физичката состојба и да се намали ризикот од развој на многу болести и состојби. Намерата и целта на курсот на кинезиолошките активности е да му се помогнеме на секој индивидуалец преку стекнатото знаење и искуство во разбирање и спроведување на здрав начин на живот.