Home / Индивидуални спортови / Придобивките од пливањето

Придобивките од пливањето

plivanje_deca1Пливањето и можноста за негово исползување денеска е најпрепорачуваниот спорт во  светските трендови за спорт и кинезиолошка – рекреација, како и за ослобување од  секојдневниот стрес и мускулна релаксација според Светската здравствена организација. Бројните медицински истражувања без ниту еден исклучок покажуваат дека пливањето  е спорт кој што го подобрува здравјето и физичката кондиција кај човекот преку  кардиоваскуларниот систем, ја подобрува целата мусклатура на телото особено  вретенестите мускули за правилна функција и позитивно влијание врз кичмениот  столб (discus hernia, ишијас, спондилоза) којшто се нотира како многу  голем проблем во денешнината бидејќи голем дел од времето се минува со  седење пред компјутер или ТВ. Според Светската здравствена организација овој спорт е најважен  кај развојот на децата, бидејќи истиот го поддржува значајно развитокот  и јакнењето на срцевиот мускул како и зголемување на капацитетот  на плуќата во време во кое се гушиме од нечист воздух.  Според истражувањата на Американските здравствени  институции пливањето има огромно влијание врз концентрацијата  бидејќи додека пливате се овозможува мир и неоптеретување на мозокот  за подоцна истиот да биде порелаксиран и да функционира подобро.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*