Кога мислиме за обуката и тренингот ние треба да ги добиеме следните одговори на следниве прашања:
1. Што да тренираме ?
2. Како да тренираме?
3. Со што да тренираме ?
4. Колку да тренираме ?
5. Каде да тренираме ?
Одговорите на овие прашања ќе го добиеме со одредување на :
1. Содржината на тренингот .
2. Оптеретувањата на тренингот .
3. Средствата и реквизити за тренинг .
4. Mетодички форми, методи и организациски форми на тренинг
5. Локација за тренингот.
Секоја индивидуа која има желба за тренинг не мора се ова погоре да го знае , но тренерот (стручното лице) да. Затоа неопходно е да се тренира под стручно водство на кинезиолог. Денес сме сведоци дека водството на тренинзите го имаат лица положиле “викенд курсеви” или пак имаат искуство во некоја форма на натпревари или самостојно тренирање. Само стручните лица кои своите знаење ги имаат добиено со учење на теории и практики преку кои се добиваат искуства кој можат правилно да се планираат за обука и програмиран тренинг . Со тоа првенствено ќе се покаже одговорност кон оние кои ги тренираме и учиме.
проф. Ангелче Гушев