Кошарката е тимски спорт во кој пет играчи од два различни тимови се обидуваат да постигнат што повеќе поени преку давање кош, односно преку уфрлање на топката низ хоризонтален обрач, на височина од 3 метра. Од едната страна на теренот до другата, топката се преносува преку топкање и подавање на останатите членови на тимот. Во 1891, Канаѓанецот Џејмс Најсмит ја измисли играта кошарка, со 7 правила од кои 6 сеуште се користат денес. Најсмит беше важен пропонент за развитокот на женскатa кошарка, и за раширувањето на играта низ Северна Америка. Две најсилни кошаркарски лиги во светот се Европската Евролига и Северно-американската Национална Кошаркарска Асоцијација. Кошарката е распространета на сите континенти и е најбрзо-растечкиот спорт на земјата. Во Македонија, најсилната кошаркарска лига е Македонската Прва Лига.
Секој играч од екипата има своја позиција, во продолжение ви ги преставуваме позициите во кошаркарската игра:
1.Организатор на игра, разигрувач или плејмејкер е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема брзина, добра техника и водење на топката. Често во кошарката оваа позиција се бележи со „единица“ поточно со бројот 1.
Од самиот назив кој на англиски значи „раководител на игра“, може да се свати и неговата улога.
Најпознат играч на оваа позиција се смета дека бил Меџик Џонсон.
2.Бек е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со добар шут и голема брзина. Често во кошарката оваа позиција се бележи со „двојка“ поточно со бројот 2.
Основната улога на овој играч е да постигне поени од дистанца, така што често за оваа позиција се кажува дека е и шутерска.
Најпознат играч кој што ја играл оваа позиција е Мајкл Џордан.
3.Крило е назив за позиција на играч во кошарката.Оваа позиција е резервирана за играчи со добар шут и нешто поголема висина. Често во кошарката оваа позиција се бележи со “тројка” поточно со бројот 3.
Основната улога на овој играч е поентирање на голем број поени. Сепак покрај тоа, доста е важен и во одбраната затоа што крилото е играч кој може добро да ги чува сите позиции.
Најпознати играчи на оваа позиција биле Лари Берд и Скоти Пипен.
4.Крилни центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема сила и придвижување. Често во кошарката оваа позиција се бележи со “четворка” поточно со бројот 4. Една од основните улоги на овој играч е помош на центарот во рекетот, како и во напад така и во одбраната.
Најпознат играч на оваа позиција бил Карл Малон, но исто така биле познати и Чарлс Баркли, Кевин Гарнет, како и Тим Данкан.
5.Центар е назив за позиција на играч во кошарката. Оваа позиција е резервирана за играчи со голема сила и висина. Често во кошарката оваа позиција се бележи со “пет” поточно со бројот 5. Една од основните улоги на овој играч е игра во рекетот, како во фаза на напад така и во одбраната. Еден од од најпознатите играчи на оваа позиција бил Карим Абдул-Џабар, а тука е и Шекил О’Нил.
м-р Ангелче Гушев