Home / Индивидуални спортови / Позитивните придобивки од возењето велосипед

Позитивните придобивки од возењето велосипед

6086_Aabyu_Telluride_Colorado_Mountain_Biking_mdВозењето велосипед е здрава физичка активност која не бара голем напор, па затоа во неа можат да уживаат луѓе од сите возрасти, од мали деца до повозрасни луѓе. Тоа претставува една од најдобрите активности за подобрување на општото здравје и за одржување на кондиција. Го зајакнува срцето, белите дробови и крвните садови, помага да се намали телесната тежина (и да се одржува вита става), го намалува стресот, а воедно е забавно и добро за животната средина. Сѐ на сѐ, здравствените придобивки од возењето велосипед ги има навистина многу!

1.Добро е за срцето, бидејќи претставува одличен кардио-фитнес
2.Ги зајакнува и оформува мускулите, особено во долниот дел од телото и задникот.
3.Добро е за слабеење, затоа што ги согорува калориите и го забрзува метаболизмот, особено ако возите побрзо од обичното рекреативно возење
4.Одлично е за менталното здравје и за намалување на стресот
5. Го зајакнува имуниот систем и може да штити против одредени видови рак
6.Добро е за координација. Движењето на педалите и раководењето со воланот ја зголемува координацијата на телото
7.Ве прави среќни, и тоа е докажано. Возењето велосипед го поттикнува лачењето на ендорфинот !
8.Се смета дека со возење велосипед се продолжува животот, односно се зголемува долговечноста
9.Возењето велосипед во друштво значи и повеќе време за пријателите, семејството, партнерот… и повеќе убави моменти за паметење.

Без разлика дали сакате да се одржувате во форма, да се грижите за здравјето или за животната средина, да бидете економични, или пак едноставно уживате во него, возењето велосипед дефинитивно е една од најдобрите работи што било кога ќе ги направите !

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*