Поените во тенисот не се рачунаат на обичен начин: 1, 2, 3, туку 15, 30 и 40. Но дали знаете зошто? Некогаш како семафор се користел часовник. Секогаш кога тенисерот ќе освои поен, стрелката на чаовникот се поместувала за една четвртина, па затоа имаме 0, 15, 30, 45, а со 60 би се означил крајот на гемот. Но во оваа низа се замешал бројот 40. Зошто ?
Од причина што сеуште важи правилото дека гемот може да биде освоен, односно завршен со два поена разлика, тогаш морало кругот од часовникот да се подели на повеќе делови. Па било одлучено да третиот освоен поен биде означен со 40. Кога ќе се случи да двата тенисери да дојдат до резултат 40-40, тоа значи да за освојување на гемот потребно е да се освојат два последоватени поени. Првиот се означувал како 50-40, а потоа следниот поен би бил 60-40 и тоа било крај на гемот (тоа се двата поена означени како предност за тенисерот кој освојува гемот).
м-р Ангелче Гушев