Home / Индивидуални спортови / Пет причини зошто “асфалтџиите“ би требало да пробаат МТБ !!!

Пет причини зошто “асфалтџиите“ би требало да пробаат МТБ !!!

maxresdefaultЗа многу возачи велосипедисти кои возат асфалт идејата да возат горе-доле по планиниските предели, помегу дрвјата и карпите и звучи како најголем ноќен кошмар. Но сепак ридско-планинискиот  велосипедизам има многу предности кои ќе му помогнат на просечен велосипедист од асфалтот.

1.    Лесно вртење – педалирање
Голем број на истражувања покажуваат  дека ридско-планинискиот  велосипедизам има лесно и течно педалирање преку самиот притисок на педалото, од причина што возачите мораат постојано да бидат станати и да го држа кормилото. Ова е многу честа тема  во разговорите помеѓу велосипедистите на асфалтот. Може би не ве уверивме ? Но Хесједал, Саган, Еванс многу лесно може да го сменат вашето мислење. Сите почнале на ридско-планиниски велосипеди и станале успешни  велосипедисти на асфалт.

2.    Зголемете и унапредите ги своите моторички спсобности
Возењето на ридско-планинискиот  велосипедизам вообичаено бара определени вештини  кои ке ви помогнат и при возењето на асфалт. Опасностите кои ве демнат на друмското возење (дупки на пат, нерамнини, тротоар) и други препреки на кои наидувате. Искуството стекнато од ридско-планинискиот  велосипедизам ви нуди големо искуство во оваа насока.

3.    Имате интензивен тренинг
Ако го анализирате интензитетот на  cross-country , ридско-планинискиот  велосипедизам , ќе приметите дека излезната сила редовно “лета“ помеѓу полнит гас и слободниот од. Тоа е слично како интервал со висок интетнзитет, а во скоро време ке забележите и големи придовки при возењето на друмскиот велосипедизам . За разлика од тренажерите (ваљаци) или пак возење на асфалт, горениот дел од телото скоро мирува и не е во голема мера активно, а додека при возењето на ридско-планинискиот  велосипедизам имаме јакнење на горните деови од телото, а кои во понатамошните активности  се од голема важност.

4.    Ке засакате нови содржини
Ако ви се допага постојаното надградување на нови иновации на полето на ридско-планинискиот  велосипедизам, многу бргу ке се “навлечете“ на исти содржини кога се во прашање МТБ. Постојат доволно можности како би се забавувале со часови. Една од најголемите расправи доагаат околу тркалото. Која големина, 26, 27.5, 29 инчи ? Секое тркало дава различни карактеристики и можности. Потоа се отвараат прашања околу вилата,гумите, сопирачките, дискот, хидраулика и сл..

5.    Забавно е
Друмскиот велосипедизам може да биде возбудлив, но влажниот асфалт и сувите облаци може да бидат монотони, па зошто да не промените нешто за да ви биде забавно и по занимливо. Пробајте го адреналинот кои го нуди ридско-планинискиот  велосипедизам. Можете да бидете многу далеку од секојдневната сообраќајна гужва. Дури и нај користената планинска стаза може да биде помалку опасна од најпрометната сообраќајна делница. Уживајте во убавите планиниски и природни предели. Се плашите од падови ? Може да се падне и таму и таму. Но по правило пагањето на стаза е многу помалку болна одколку падот на асфалт.

Ке се сложиме. Се има свои добри и лоши страни, па така и овие две дисциплини на велосипедизам.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*