Home / Методика на ФЗО / Нов прирачник за кинезиолошки активности “Кинезиологијата и здравјето“

Нов прирачник за кинезиолошки активности “Кинезиологијата и здравјето“

Од печат испадна нов прирачник за унапредувањето на здравјето и кинезиолошките активности. Овој прирачник кој го носи името “Кинезиологијата и здравјето“ испадна во издание на Здружението Центар за Кинезиологија Велес, а негов автор е м-р Ангелче Гушев.
Содржината на прирачникот “Кинезиологијата и здравјето“ ги дава сите насоки како во современите цивилизирани општества, физичката и здравствената култура да се сметаат за дел од општата култура на секоја индивидуа без оглед на професијата и да стане првенствено обврска и лична одговорност да се биде здрав, да се бидат во одлична физичка и ментална форма и да можа да одговори на животни предизвици. Така, постигнувањето свесност за личните недостатоци и стремежот да се стори сé што е можно за да се одржат и развијат способностите, одликите, вештините и навиките, станаа карактеристика не само на личниот развој, туку и на развојот на една нација. Во психофизичка смисла, да се биде подготвен, издржлив и отпорен е еден од начините да се почитувате себе си и како да стекнете почит од другите.
Недоволното ниво на физичка активност стана главен јавен здравствен проблем на “цивилизираното општество“ на сите нивоа. Истражувањата потврдија дека редовната физичка активност го подобрува здравјето и ги спречува болести. Сепак, и покрај напорите да се подигне свеста за голем број позитивни здравствени ефекти на физичката активност, околу 60% од возрасните во развиените европски земји се нередовно активни или целосно неактивни, додека во Македонија процентот е уште поголем. За жал, во Македонија сè уште нема национални упатства за унапредување на физичката активност на сите нивоа.
Редовната физичка активност е цел кон која секој треба да се стреми, бидејќи со нејзиното спроведување може и треба да се зачува и подобри здравствениот статус и физичката состојба и да се намали ризикот од развој на многу болести и состојби. Намера и целта на курсот на кинезиолошките активности е да му се помогнеме на секој индивидуалец преку стекнатото знаење и искуство во разбирање и спроведување на здрав начин на живот. Прирачникот ќе биде промовиран пред велешката спортска јавност во месец декември оваа година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*