Home / Престој во природа / Ориентација во природа / Нови успеси на велешкото извидништво

Нови успеси на велешкото извидништво

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија во периодот од 12 до 14 мај 2017 година во месноста Белотинац со осум извидници – зема учество на “42 Меморијал Чика Драги“. Овој меморијал претставува еден од нај старите и нај посетен извиднички собир на извидници во Република Србија. На оваа манифестациија учество земаа повеќе 150 извидници од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.
Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на “42 Меморијал Чика Драги“ во категоријата на истражувачи го освоија третото место. Патролата која го освои третото место беше во состав: Благојче Ѓорѓиев, Трајче Темелковски, Мартин Голчев, Теодор Ѓорѓиев и Иван Гушев. Првото место им припадна на извидниците од ИО “Ѓука Диниќ“, а додека вторто место им припадна на извидниците од Крал Петар I и двата одреди од Ниш. Сакаме да напоменеме дека осумте извидници на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беа единствените преставници од Република Македонија. Со постигнатите успеси сакаме да нагласиме дека и со резултатот кои беше постигнат на овој меморијал докажуваме дека во единствениот велешки градски извиднички одред се практикува и работи топографијата и ориентацијата, а тоа е поткрепено со високиот пласман.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*