Започнува новата ракометна историја во Велес. Градскиот ракометен клуб Борец утре сабота 28.9.2013, ќе го одигра првиот официјален натпреавар во рамките на првата ракометна лига, втора по квалитет. Во спортската сала „Гемиџии“ противник е тимот на Младост од Богданци. Средбата на некогашните ракометни гиганти започнува во 18:00. Од велешкиот тим стигнуваат информации дека екипата е подготвена за новиот предизвик. Главниот товар во првенството ќе го понесат младите играчи, потпомогнати од поискусните. Новиот ракометен бран во градот, засега го предводи општината. Таа е најголем финансиер, откако Советот одлучи да издвои 500. 000 денари за поддршка на клубот. На чело на новата управа е поставен д-р Петре Кодовски, а него ќе му помагаат уште неколкумина поранешнии ракометари, спортски работници и луѓе од бизнис секторот. Да се обезбеди пласман во супер лигата, а потоа Борец да стане стабилен тим кој ќе биде пласиран во горниот дел на табелата. Ова се амбиции, останува да се види каква ќе биде реализацијата на проектот Градски ракометен клуб.
превземено од: www.lisica.mk