Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес ја продолжи својата издавачка дејност со уште едно извидничко дело. Во рамките на прославата на XXX Средби на извидници, во Ликовниот салон во Велес на 22.4.2016 год. (петок) се одржа промоција на прирачникот “Тајните на рачната Бусола М-53“ подготвен од нашиот извидник Бојан Миклош. Со оваа промоција Старешинството на ИО “Димитар Влахов” – Велес го прослави триесет годишниот јубилеј на организирање активности од областа на ориентацијата во природа и топографијата, како и почетокот на активностите по повод 65 години извидништво во Велес. На промоцијата на прирачникот зборуваше старешината на одредот м-р Ангелче Гушев кои ја престави рачната бусола М-53 и нејзиното користење, а додека пак авторот Бојан Миклош престави пред присутните како дошол до идеја за создавање на ваков тип на извидничка литература. Воедно овој настан беше искористен да на голем број институции и поединци кои ја помагаат работата на одредот , а врз основа на член 9 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка, поддршка и помош во развојот и унапредувањето на одредот со БЛАГОДАРНИЦА на одредот им се одаде голема благодарност. Воедно членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ изразуват голема благодарност ид регионалната К1 телевизија која безрезервно дава поддршка во медиумското покривање на работата на единствениот градски извиднички одред.
www.scoutveles.org.mk