Ако сакате да се храните здраво, ви препорачуваме да почнете што почесто во исхраната да вклучите некои од овие супер здрави намирници кои често ги занемаруваме.
Калинка – Богата е со антиоксиданти, добра за крвта и притисокот, но и за убава кожа. Се препорачува за лечење од рак, болести на срцето и Алцхајмерова болест.
Сардини – Богати се со омега 3 масни киселини и витамин Д кои се важни за здрава и силна коса, убава кожа и нокти.
Кефир – Богат е со антиоксиданти и пробиотици . Го зајакнува организмот, но најдобро е да изберете нискокалорична и незашеќерена варијанта од овој млечен напиток.
Леќа – Леќата содржи неверојатно висок процент на влакна и протеини. Освен тоа, богата е со железо па затоа многу често треба да се наоѓа на вашето мени.
м-р Ангелче Гушев