Home / Исхрана на спортистите / Моќта на јаболковиот оцет

Моќта на јаболковиот оцет

jabolkov-ocet2Јаболковиот оцет го намалува крвниот притисок и е одличен за зачувување на витката линија. Тој се покажал ефикасен и во зголемување на плодноста, како кај луѓето, така и кај животните. Ефикасен е и при ноќно мочање кај децата. Облогите од јаболков оцет се користат и за проширени вени. Тие, во комбинација со здравата исхрана и детоксикацијата на организмот, даваат одлични резултати. Со јаболков оцет се испира грлото при првите знаци на настинка. Овој оцет е богат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите и учествува во биохемиските процеси на клетките. Еве неколку рецепти кои се покажале како многу успешни при одредени пореметувања и заболувања:

Против хроничен замор
Во филџан со мед се ставаат три лажички јаболков оцет. Смесата се става во тегла и се земаат по две лажички секоја вечер пред спиење.

Против главоболка
Да се испие чаша вода со две лажички мед и две лажички јаболков оцет.

Против изгоретини
На изгоретините се нанесува разреден јаболков оцет неколку пати во текот на денот. Јаболковиот оцет ќе ја спречи појавата на пликови и ќе ја намали болката.

За намалување на крвниот притисок
Три пати дневно да се пие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.
НАЧИН НА ДОЗИРАЊЕ:
Утврдена е оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на денот. Тоа е раствор од 2 лажици јаболков оцет во млака, претходно превриена вода, со додавање на две лажички мед.
За испирање на грлото
Во чаша вода да се додаде една лажичка јаболков оцет и со овој раствор да се испира грлото на секои два часа.

Против воспаление на синусите
Неколку пати во денот да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет.

За слабеење
Секое утро на празен желудник да се испие чаша вода со една лажичка јаболков оцет или со секој оброк да се испие чаша вода со две лижички оцет. Терапијата трае два месеци. Јаболковиот оцет го забрзува согорувањето на наталоженото масно ткиво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*