Мангото е познато како “крал на овошјето”. Тоа е еден од најпопуларните овошјa со неповторлив вкус и арома. Ова е тропски плод и за негова татковина се сметаат рамнините под Хималаите во Индија. Припаѓа на семејство „Anacardiaceae“ во кое се вклучени кашуто и шам-фстакот. Мангото е Тропско дрво кое се одгледува во многу области на Индија и во целиот свет. Обично плодовите му растат кон крајот на долга рачка. Секој плод е со должина од 5 до 15 см, а на ширина достигнуваат од 4 до 10 см. Плодовите се овални и тежат од 150 грама до околу 750 грама. Надворешната обвивка на мангото е зелена и се претвора во златно до светло жолта, портокалова-црвена, кога плодот созрева. Внатрешноста на плодот е сочна, портокалова-жолта со повеќе меки влакна, кои формираат една голема бубрековидна форма од семиња. Вкусот е пријатен, сладок. Мангото е сезонски плод. Свежо овошје може да се најде од мај до септември. Обично плодовите се берат додека се зелени, бидејќи ако се остават да созреат на дрвото, брзо скапуваат. Во продавница изберете го она манго, што е со здрава кожа, без никакви повреди и модринки. Незрелите манго овошјеа може да се чуваат на собна температура за неколку дена. За да созреат е добро да се стават во хартиен плик. Созреаното овошје треба да се чува во фрижидер. Пред потрошувачка извадете го плодот од фрижидерот, за да се аклиматизира, и дури тогаш ќе можете да уживате во природниот вкус и арома. Манго е плод богат со диетални влакна, витамини, минерали, и поли-фенолни соединенија. Истражувањата покажуваат дека потрошувачката на манго штити од рак на дебелото црево, леукемија и рак на простата. Плодот е одличен извор на витамин А и флавоноиди како бета-каротин, алфа-каротен и бета-криптоксантин. 100 г свежо овошје обезбедуваат 765 мг или 25% од препорачаната дневна доза на витамин А. Потрошувачката на овошје, богати со каротин, го штити организмот од рак на белите дробови и на устата. Свежиот плод е богат извор на калиум кој е важна компонента на клеточните течности и помага за контрола на срцето и крвниот притисок. Плодот е добар извор на витамин Б6, витамин Ц и витамин Е. Потрошувачката на храна богата со витамин Ц помага на телото да развие отпорност против инфективни заболувања. Бакарот во мангото помага за производство на црвени крвни клетки.