Координацијата е способност на спортистите и рекреативците да доминираат со препознатливи и економични движења во очекувани ситуации (стереотипи) и непланирани ситуации (адаптација) и релевантно и брзо совладување на спортските движења.
Координацијата е моторичка интелегенција.
Координација е глобална моторичка спосoбност, која што можеме да ја дефинираме како: ПРЕЦИЗНО ДЕТЕРМИНИРАНА ЕНЕРГЕТСКА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА НЕРВНО-МУСКУЛНИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ САМО СО ЕДНА ЦЕЛ – ПРОСТОРНО МОТОРИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА.
Координациските способности или координација е заедничко име за способост детерминирана од централниот нервен систем, а која им овозможува на спортистите да организираат мускулни активности како би го реализирале замисленото движење.
м-р Ангелче Гушев