Home / Методика на ФЗО / Континуирана едукација за часот по физичко образование

Континуирана едукација за часот по физичко образование

Дdijagnostikaенес, во просториите на АМС се оддржа прес-конференција по започнувањето на проектот “Континуирана едукација на наставниците по физичко и здравствено образование во основното и наставниците по спортски активности од средното образование”. На прес-конференцијата свое учество земаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, директорот на Бирото за развој на образованието Весна Хорватовиќ и професорите од Факултетот за физичка култура проф.д-р Ленче Алексовска Величковска и проф.д-р Зоран Радиќ.

Во прилог го проследуваме обраќањето на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески:

Почитувани претставници на медиумите,

Наша темелна определба е развој на училишниот спорт, со што ја нагласуваме грижата кон младите генерации и настојуваме тоа да го искажеме и со реални активности.
По сериозни анализи и опсервации во изминатиот период за состојбите во училишниот спорт и физичкото образование воопшто, се определивме да го лоцираме нашиот интерес во развој и поддршка на човечките ресурси кои го реализираат обемниот и сложен систем на училишниот спорт и наставата по Физичко воспитание.
Агенцијата за млади и спорт како долгорочна стратешка активност ја дефинираше перманентната едукација на активниот наставен кадар како услов за реализација на современ тренажен процес на учениците и секако квалитена настава по најомилениот предмет кај учениците.
Имаме убав повод денес да го најавиме новиот циклус на обуки за континуирано усовршување на наставниците по физичко образование. Имено, трета година по ред Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Бирото за развој на образованието и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, го реализира проектот за континуирана едукација на наставниците по физичко и здравствено образование во основното и наставниците по спортски активности од средното образование.
Овој проект треба да овозможи подобрување и подигнување на квалитетот на наставата по предметот физичко образование, како значајна компонента на образованието и воспитувањето воопшто и приближување до квалитетот на физичкото образование кое постои во земјите членки на Европската Унија и е во функција на здравјето на учениците.
Со годинашните обуки ќе бидат опфатени вкупно 1.000 професори и одделенски наставници од сите региони во државата, а Агенцијата за млади и спорт од својот буџет за циклусот обуки обезбеди 500.000 денари.
Главната цел на програмата е усвојување и примена на современите достигнувања на науката и практиката заради остварување на целите и задачите во физичкото и здравствено образование и воспитанието, и унапредување на образовната практика, односно унапредување и подобрување на квалитетот на часовите по физичко.
Значи, професорите и наставниците треба да ги освежат и да стекнат нови неопходни теоретски знаења и практични вештини за промовирање на физичката активност, здравиот начин на живот, преку наставата по физичко и здравствено образование и на најдобар можен начин да придонесат кон психофизички здрава нација.

извор: //www.facebook.com/AMSMacedonia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*