Home / Методика на ФЗО / Како да го усогласам учењето и спортот

Како да го усогласам учењето и спортот

ucenje2Животот на спортистите може да биде доста тежок, поготово кога треба напорните спортски тренинзи да се усогласат  со редовниот образовен процес односно учењето. Заборавате да подготвите проектна задача, да напишете домашна задача, касните на настава, имате притисок да морате се да завршите наеднаш, преногу сте уморни ..

Еве неколку совети како сето тоа да го надминете.
1.    Одредете приоритети
Што ви е на прво место – спортот или училиштето ? Во голем број на случаи тоа треба да биде училиштето без оглед на се. Тоа што сте спортисти не значи дека можете да си играте со училиштето, затоа што многу лесно може да бидете исфрлени од тимот поради лош и слаб успех на училиште.

2.    Набавите си планер  
Во планерот ќе ги запишете сите обврски кои се поврзани со писмени работи, усмени испрашувања или пак тестови. Тоа ќе ви помогне да бидете по организирани  и  да во секој момент знаете што треба да одработите кога ќе се вратите од своите спортски активности.

3.    Учете, учете и само учете !!!
Можеби воопшто не е забавна работата кога треба да реализирате, морате да учите како би го задржале добриот просек на тестирањата или пак на писмените работи. Најдобро би било да тоа го реализирате во тишина, без некои активности кои би ви го одземале вниманието во текот на учењето (мобилен телефон, телевизор, ДВД, компјутер…). Учите во просторија која е проветрена, која има свеж воздух, има природна светлина и секогаш при себе имајте шише на вода како и мала но здрава ужина.

4.    Планирајте го своето време
Во зависност од времето кога се враќате дома, веќе треба да го имате испланирано вашето легнување во кревет и спење. Планирајте го своето време но немојте да брзате. Размислите што ви е најлесно и најбрзо да одработите, а не колку работи ви останаа.

5.    Искористите го времето у училиште
Користите ја секоја пауза или одмор во предавањата, тоа ќе ви заштеди 2-3 часа работа дома. Повеќе време за спорт и за одмарање

6.    Направете распоред
Планирајте го своето време за секој час па и до минута. На пример се враќате во 18.15 часот се средувате до 18.30, во 18.35 започнете со домашни задачи во 19.15 вечерајте. Одмарајте до 20.00, потоа до 21.30 часот  научете ги дел од зададените лекции. Со ваков вид на планирање точно ќе знате што и кога треба да сторите, па кога  овој модел ќе ви премине во навика и рутина, планирањето не ќе ви биде потребно.

7.    Пробајте да не се нервирате
Кога кај вас се појавува нервоза,  околу тоа што по прво треба да одработите, само се дезориентирате, ги губите нервите и не сте воопшто практични. Нема потреба од нервоза, нема потреба од брзање, смирете се и размислете добро. Тоа се ситуааци кои ке ви го нарушат и учењето и спортските активности.

8.    Ако некој предмет ви оди послабо, напаравете мала пауза со спортот на неколку недели.
Направете пауза од неколку денови па и недели. Запрашајте го професорот дали постои некоја задача или проектна активност која што ќе ви го зголеми просекот или оцената од тој предме. Секогаш давајте се од себе и уживајте во спортот кој го сакате !!!.

м-р Ангелче Гушев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*